Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Формирано Координативно тело на НВО-а за поплавените региони

0
By Нова ТВ on August 11, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 

Според официјалните бројки, по поплавите настанати од невремето на 6 август 2016-та кое ја зафати Македонија и кое особено ги погоди Скопскиот и Тетовскиот регион досега загинаа 22 лица, повеќе од 70 се повредени,  додека повеќе од 1000 се евакуирани.

Според првичните утврдувања оштетени се 500 до 700 куќи, додека 10 до 15 илијади лица беа оштетени од поплавите. Реоните кои најмногу беа погодени од настанатото невреме се Скопските села Хасанбег, Арачиново, Страчинци, Смилковци и Тетовското село Шипковица, соопшти Коориднативото тело на НВО-а на поплавените региони.

– Веднаш при настанатото невреме, државните институции и невладините организации беа активирани за помош на населението од овие реони и даден е максимален влог за намалување на бројката на жртвите.

Во втората фаза на овие активности, невладините организации дистрибуираа пакети со хуманитарна помош кои содржуваа леб, вода за пиење, средства за хигиена и.сл. Во третиот ден од оваа хуманитарна акција јасно се увиде недостатокот на координација помеѓу невладините организации кои им носат хуманитарна помош на ранливите семејства од овој реон. Со цел на подобро координирање и во насока на утврдување на примарноста на потребите и поефикасно дистрибуирање на хуманитарната помош која деновиве е повеќе од неопходна за лицата од овој реон, ние неколку невладини организации кои дејствуваат на терен во оваа насока се соединивме со цел на подобра координација на активностите на терен. По извршените консултации, одлучивме да формираме Координативно тело на НВО – а на поплавениот реон.

Координативното тело на НВО – а на поплавениот реон ќе превземе одговорност за редовно дистрибуирање на актуелните хуманитарни средства и давање поддршка при дистрибуција на донациите кои ќе доаѓаат од земјата и од странство.

Координативното тело, воедно имајќи во предвид дека во поплавените реони во доволни количини се дистрибуирани вода за пиење и основни прехрамбени продукти, ќе превземе иницијатива за чистење на местата погодени од овие поплави, утврдување на штетите на граѓаните (оштетените делови на домовите, оштетениот мебел, теписи, бела техника, угинати добитоци и.др.) и систематско дејствување за санирање на овие штети.

Во Координативно тело на НВО – а на поплавениот реон членуваат: Здружение Енсар – Скопје, Здружение Мерхамет – Тетово, Здружение Копру – Скопје, Здружение Визиони-М – Скопје, Здружение Активитети – Скопје, Страчинци, Здружение Клуби Елита – Скопје, Здружение АКСИ – Скопје, Здружение Ардмериа – Тетово , Birliği Унија на албански студенти – Скопје, Унија на средношколци албанци – Скопје и Здружение ПАРИМИ– Скопје.

НВО поплави
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.