Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Формула 1: Ферари ликува, Мерцедес со истрага за грешките во Мелбурн

0
By Нова ТВ on March 26, 2018 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Директорот на Мерцедес, Тото Волф најави интерна истрага за „кој беше најслаба клупска алка“ во трката за ГН на Австралија, прва трка од новата сезона во Формула 1 шампионатот, и за причините зошто Луис Хамилтон ја загуби водечката позиција на „Мелбурн парк“.

„Сè уште не знаеме што се случи. Мислевме дека имаме доволна предност, мислевме дека имаме водство од три секунди, но изгледа беше грешка во нашиот софтвер. Ќе мора „да ги прашаме“ компјутерите. Отпочнавме темелна истрага со намера да го лоцираме проблемот. Конечниот епилог е тешко прифатлив бидејќи имавме добро темпо и брзина. Истрагата ќе покаже зошто ја загубивме победата“, истакна Волф во изјава за „Скај“.

Хамилтон имаше најдобро време во квалификациите, тргна од пол-позицијата во централниот настан на отворање на сезоната и ја предводеше колоната до моментот во кој на патеката се појави виртуелно безбедносно возило. Тоа дојде како „кец на десетка“ за Германецот Себастијан Фетел кој набрзо го посети боксот, ги замени пневматиците и се врати пред Британецот на патеката.

„Нашиот систем во тие моменти направи лоша пресметка за предноста што ни е потребна. Зеленото светло беше постојано на компјутерот што значи дека водство што го имаме е доволно да останеме лидери во трката. Но, кога ја погледнавме телевизиската снимка заклучивме дека водството не било доволно“, појасни Волф.

На британскиот возач во тимот на Мерцедес не му беше сеедно што го загуби статусот на лидер во трката. Тоа стана при обраќањето кон механичарите во боксот.

„Момци, што се случи? – Зошто никој не ми кажа дека Фетел е во бокс? – Дали е моја грешката?“, беа прашањата на Хамилтон кон луѓето во боксот на Мерцедес.

И покрај загубеното водство, тој не се откажа од намерата да се врати каде што беше, се обиде да го претекне Фетел во што, сепак, не успеа, па Германецот на крајот уживаше во 48. триумф во кариерата во 200. трка. Но, и јубилеен 100. пласман на победнички пиедестал колку што имаат уште Луис Хамилтон, Михаел Шумахер и Алан Прост.

„Луис не можеше ништо да стори. Секако дека напаѓаше, но тешки се претекнувања на патеката во Мелбурн. Дури и оние кои најдобро го прават тоа, се соочуваат со проблеми да заобиколат ривалски болид во Австралија. Мораше да се откаже бидејќи неговите пневматици немаше да издржат докрај“, заклучи Волф со што застана во одбрана на Хамилтон.

Сезоната во Формула 1 продолжува на 8 април со трка за ГН на Бахреин.

ГН на Австралија истрага Луис Хамилтон Мерцедес Тото Волф Ферари Формула 1
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.