Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Формула 1: Маратонот во Бразил за Хамилтон

0
By Нова ТВ on November 13, 2016 СПОРТ
Фото: formula1.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Луис Хамилтон беше најумешен во „маратонот“ на патеката Интерлагос и победи во претпоследната трката во Формула 1 шампионатот што се возеше за ГН на Бразил. Со ова Британецот, како актуелен првак, ги задржа шансите за одбрана на тронот. Одлуката ќе падне на последната станица за оваа сезона во Абу Даби на 27 ноември.

До 52 триумф во кариерата, деветти во оваа календарска година, трет во низа и премиерен на асфалтот крај Сао Паоло, тој стигна со време 3:01:01.335 часа. Второто место со задоцнување од 11.455 секунди му припадна на неговиот клупски колега, Нико Розберг на кого му требаше победа за обезбедување на титулата, по него низ целта мина Макс Ферстапен (+21.481 сек.). Бодови освоија уште Серхио Перез, Себастијан Фетел, Карлос Сајнц, Нико Хулкенберг, Даниел Рикијардо, Фелипе Наср и Фернандо Алонсо.

Фото: formula1.com
Фото: formula1.com

Лидер во генералниот пласман е Нико Розберг со 367 бода, Хамилтон е втор со 355 и тие двајцата се единствени конкуренти за титулата во Ф1 првенството во оваа сезона. Далеку зад се Рикијардо со 246 бода, Фетел со 197, Ферстапен со 192, итн.

Трка со два прекина, силен  дожд и забивање на Раиконен во заштитниот ѕид

Денешната трка за ГН на Бразил ја одбележа големо невреме и изобилство од вода на Интерлагос. Силниот дожд предизвика мноштво извртувања на болидите, лизгања, инциденти и забивање на Кими Раиконен воеден од заштитите ѕидови крај патеката. Покрај поместувањето на стартот за десетина минути, натпреварот имаше и два прекина поради што мораше да излегува и безбедносното возило. И покрај забелешките на возачите за ненормални услови за настап, сепак, трката се одржа, а тие беа принудени да покажат страшни вештини и снаодливост бидејќи и најмала грешка можеше скапо да ги чини што дел од нив и ги чинеше.

Фото: formula1.com
Фото: formula1.com

Првиот прекин се случи во 20 круг и дојде како последица на инцидентот на финскиот пилот на Ферари. Раиконен заврши во заштитната ограда, а делови од неговиот болид се растурија по патеката. Останатите возачи што се движеа во него, се обидуваа да избегнат судир, па организаторот се огласи и означи прекин на трката што траеше 4о-тина минути. Продолжи со т.н. „safety car“ што од безбедносни причини ја предводеше колоната до 29 круг кога натпреварот повторно беше прекинат. Набрзо, сепак, беше дадено зелено светло и ГН на Бразил го дочека својот крај по повеќе од три часа.

Резултати од трката за ГН на Бразил

Луис Хамилтон (Мерцедес) 3:01:01.335 часа

Нико Розберг (Мерцедес) + 11.455 сек.

Макс Ферстапен (Ред Бул Рејсинг) + 21.481 сек.

Серхио Перез (Форс Индија) + 25.346 сек.

Себастјан Фетел (Ферари) + 26.334 сек.

Карлос Сајнц (Торо Росо) + 29.160 сек.

Нико Хулкенберг (Форс Индија) + 29.827 сек.

Даниел Рикијард (Ред Бул Рејсинг) + 30.486 сек.

Фелипе Наср (Заубер) + 42.620 сек.

Фернандо Алонсо (Мекларен) + 44.432 сек.

Генерален пласман

Нико Розберг (Германија/Мерцедес) 367 бода, Луис Хамилтон (В. Британија/Мерцедес) 355, Даниел Рикијардо (Австралија/Ред Бул Рејсинг) 246, Себастијан Фетел (Германија/Ферари) 197, Макс Ферстапен (Холандија/Ред Бул Рејсинг) 192, итн.

 

Абу Даби ГН на Бразил Луис Хамилтон Нико Розберг Патека Интерлагос Формула 1
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.