НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Формула 1: Мерцедес фаворит за титулите, Ред Бул ќе напаѓа од сенка

0
By Нова ТВ on March 7, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

До новата, 71, сезона во Формула 1 шампионатот нè делат три недели. Екипите завршија со претставување на своите болиди кои поради новите правила добија и нов имиџ, а, наголемо, во тек се тестирања на машините. Меѓу двете сезони се случија и неколку кадровски промени. Пилотските постави нема да бидат исти како лани. Дел од возачите ја завршија кариерата, во „летечкиот циркус“ влегоа нови имиња.

Ако очекувањата одат во насока на неизвесност за титулите, тогаш она што  е извесно е дека натпреварувањето ќе добие нов владетел на тронот по повлекувањето на актуелниот првак, Нико Розберг што е прв таков случај по 1994 година. Првата станица е австралиското Гран при во Мелбурн на 26 март, сезоната ќе брои вкупно 20 трки и ќе заврши на 26 ноември во Абу Даби.

Kалендарот за 2017 година претрпе неколку промени. Трката во Баку што лани беше насловена како Голема награда на Европа, овојпат ќе се вози како Голема награда на Азербејџан. И датумот на нејзино одржување е поместен за да нема поклопување со популарната „24 часа Ле Ман“. Кина и Бахреин ги сменија местата во редоследот на настани за 2017 година, а Германија е тргната од агендата, откако сопствениците на Хокенхајмринг и Нирнбургринг не успеаја да постигнат согласност за комерцијалните услови со менаџментот на Формула 1.

Мерцедес АМГ Петронас Моторспорт

Пилоти: Луис Хамилтон (В. Британија), Валтери Ботас (Финска)

База на тимот: Бракли, Велика Британија

Шеф на тимот: Тото Волф

Погонска единица: Мерцедес

Мерцедес ќе влезе во новата сезона како бранител на титулата меѓу конструкторите, но без шампионот Розберг. Британецот Луис Хамилтон (32) останува прв возач, а негов клупски колега, наместо германскиот пилот, ќе биде Финецот Валтери Ботас (27). Тимот од Бракли беше доминантен во изминатите три сезони, а иста желба има и за претстојната.

Ред Бул Рејсинг

https://www.youtube.com/watch?v=hc5Aazo-W7Y

Пилоти: Даниел Рикијардо (Австралија), Макс Ферстапен (Холандија)

База на тимот: Милтон Кејнс, Велика Британија

Шеф на тимот: Кристијан Хорнер

Погонска единица: Таг Оер

Тимот ја задржа истата возачка постава од вториот дел на ланската година. Со Даниел Рикијардо (27) како прв пилот кој се надева и на прв шампионски трофеј и 19 годишниот Холанѓанец, Макс Ферстапен, момчето што максимално ја оправда довербата на челните луѓе. На Ред Бул Рејсинг му пристапи од Торо Росо во 2016 година како замена за Русинот Данил Квјат и со одличните настапи си обезбеди место во екипата.

Скудерија Ферари

Пилоти: Себастијан Фетел (Германија), Кими Раиконен (Финска)

База на тимот: Маранело, Италија

Шеф на тимот: Маурицио Аривабене

Погонска единица: Ферари

Екипата од Маранело има неколку неуспешни сезони зад себе. Оттука да најават борба за титулата би било нереално и смешно иако во нејзините болиди седат Себастијан Фетел (29) и Кими Раиконен (37) што претставуваат најсилен тандем во Формула 1. Италијанците, сепак, се решија за одлучна и напорна и без никакви помпи и движење чекор по чекор. А, првите тестови пред сезоната се одлична најава за Скудерија Ферари.

Сахара Форс Индија Ф1 Тим

Пилоти: Серџо Перез (Мексико), Естебан Окон (Франција)

База на тимот: Силверстон, Велика Британија

Шеф на тимот: Виџај Малиа

Погонска единица: Мерцедес

Виџај Малиа во 2007 година ја купи екипата на Спајкер и за наредната ја преименува во Форс Индија. Од година во година бележи напредок. Првиот голем резултат го оствари со Џанкарло Физикела во Белгија во 2009 година стигна до пол позиција преку квалификациите и до второ место во трката. Неколкуте одлични трки во 2016 година ѝ донесоа четвртото место во конкуренција на конструктори. Мексиканецот Перез остана во тимот во кој се приклучи Естебан Окон, 20 годишен пилот од Франција.

Вилијамс Мартини Рејсинг

Пилоти: Фелипе Маса (Бразил), Ленс Строл (Канада)

База на тимот: Грув, Велика Британија

Шеф на тимот: Френк Вилијамс

Погонска единица: Мерцедес

Некогаш славниот Вилијамс не е при врвот во Формула 1 веќе со години. Екипата што има девет конструкторски титули, во 2016 година беше петта во севкупниот пласман. Фелипе Маса (35) во ноември најави дека се повлекува од натпреварувањето за набрзо да се предомисли и да стане прва перјаница на Вилијамс Мартини Рејсинг. Друштво во 20 тркачки предизвици во претстојната сезона ќе има во канадскиот дебитант Ленс Строл.

Мекларен Хонда Формула 1 Тим

https://www.youtube.com/watch?v=YBVSRFskaHY

Пилоти: Фернандо Алонсо (Шпанија), Стофел Вандорн (Белгија)

База на тимот: Вокинг, Велика Британија

Шеф на тимот: Ерик Болие

Погонска единица: Хонда

Во Мекларен, за 2017 година, подготвија освежен болид со нови бои и со Фернандо Алонсо и Белгиецот Стофел Вандорн како ударна сила. Но, ја делат истата судбина како и Вилијамс и далеку се успех што го красеше тимот во минатото. Ланската сезона ја заврши како шести кај конструкторите. Вандорн е дебитант во Формула 1 и во „летечкиот циркус“ влегува како наследник на Џенсон Батон.

Скудерија Торо Росо

Пилоти: Данил Квјат (Русија), Карлос Сајнц Јуниор (Шпанија)

База на тимот: Фаенца, Италија

Шеф на тимот: Франц Тост

Погонска единица: ТБЦ

За Скудерија Торо Торо, сестринска екипа на Ред Бул, ќе возат врсниците Данил Квјат (22) од Русија и Карлос Сајнц Јуниор (22) од Шпанија. Под називот Торо Росо се присутни во Формула 1 шампионатот од 2006 година. Триумфот на Себастијан Фетел во 2008 година беше изненадување за сите што го следат натпреварувањето, но оттогаш не се ни блиску такво нешто. Екипата е позната по афирмација на млади пилоти кои подоцна ги презема Ред Бул. Проблеми се појавија уште на тестирањата што упатува на заклучок дека сезоната нема да е ветувачка за нив.

Хас Ф1 Тим

Пилоти: Роман Грожан (Франција), Кевин Магнусен (Данска)

База на тимот: Канаполис, САД

Шеф на тимот: Гентер Штајнер

Погонска единица: Ферари

Зад Хас е солидна дебитантска сезона во Формула 1. Надежно изгледаше почетокот по Големата награда на Австралија за, на крај, да заврши како осми во поредокот на конструктори. Возачката постава е составена од, веќе, искусниот Роман Грожан и Данецот Кевин Магнусен кои со новата шасија на екипата ќе се обидат да се изборат за место во златната средина.

Рено Спорт Формула 1 Тим

https://www.youtube.com/watch?v=nGZ0eHgqN3I&list=PLhv80CnoVxJMn3BfmCK2HQJsxzR3FXI_H&index=7

Пилоти: Нико Хулкенберг (Германија), Џолион Палмер (Велија Британија)

База на тимот: Енстоун, Велика Британија

Шеф на тимот: Сирил Абитебул

Погонска единица: Рено

Двократниот шампион кај конструкторите, Рено, го обезбеди Нико Хулкенберг како големо засилување за 2017 година кој, покрај себе, ќе го има Британецот Палмер. Одлуката на Хулкенберг беше дочекана со зачуденост бидејќи се приклучи во пониско рангирана средина, но Германецот е оптимистички расположен и задоволен што конечно ќе вози за фабричка екипа.

Заубер Ф1 Тим

https://www.youtube.com/watch?v=_fCqRODqflk

Пилоти: Маркус Ериксон (Шведска), Паскал Верлајн (Германија)

База на тимот: Хинвил, Швајцарија

Шеф на тимот: Мониша Калтенборн

Погонска единица: Ферари

Швеѓанецот Маркус Ериксон е прв возач во швајцарската екипа. Нејзино ново име е Паскал Верлајн од Германија кого многумина го гледаа во некоја од конкурентските екипи. И ова е еден од тимовите што ќе атакуваат на место во средина на табелата. Кон крајот на минатата сезона се засилија финансиски што е во контекст на надежите за подобри резултати во 2017 година.

Болиди Екипи Пилоти Сезона Формула 1
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.