Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фосилизиран тип

0
By Marija Todorovska on November 20, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 20, 2024 14:35
Вморонското “ура” нема повеќе никакво ехо. Луѓето ја симнуваат маската на гордоста што им ја залепија комитите и почнуваат реална комуникација со сонародниците, со продавниците, со времето и просторот.

Бранко Тричковски
Да ја заборавиш Шекеринска на престижната функција, тоа е како да ја прескокнеш свдбата на синот. Или да те нема на сопствениот погреб затоа што си скаран со смртта. Да не му честиташ на Ковачки кого Путин го именувал за начелник на окупациските сили на Руската федерација во Украина.
Има нешто подлабоко во поведението на премиерот во врска со именувањето на Шекеринска за заменичка на ген секот на НАТО.
Мислам подлабоко од конфликтот меѓу сдсм и вмро.
Како да се објасни немоќта или неспособноста да изрази задоволство од нејзиниот успех во името на државата што ја води?
Да и честита.
Да и се обрати на јавноста како што се обраќа за се и сешто, да речеме, за претворањето на некоја ливда во селско игралиште за деца и возрасни.
Нешто поголемо ја исполнува огромната дупка меѓу отсуството на домашно воспитување и елементарна граѓанска пристојност и култура и декларациите за блгородните намери во однос на општото добро, од другата страна.
Па, тој ќе се расчепи над таа дупка дури и со кондурите “Зења” или “Прада”, ја заборавив марката што ј носеше.
Емоционална фригидност, скинати синапси, еднодневно пореметување на свеста, шизофренија која е индицирана во повиците за обединување и отсуството на гест кон госпожата која стана втор човек на НАТО со референци од државата што ја раководи, страв од реакциите на масата што ја запали на темите за предавниците кои, со негова согласност, слушам, стануваат важни личности во западната номенклатура.
Зошто студентите би правеле деца ако знаат дека ќе ги растат во вакво политичко и културно окружување какво што секој ден демонстрира премиерот.
Што ќе биде со децата што тој ќе ги прогласи за предавници, било според неговиот поглед на нивните поведенија, било според досијеата за семејните истории и традиции што ги има вмро?
Имаме, значи, работа со фосилизиран човек од кој може да се очекува промена на земјата, но не и промена на себе, што значи дека општествените промени ќе ги прилагодува на себе. Тоа е движење во спротивен правец од движењето на времето. Како изчезнувањето на човекот во сперматозоидот од кој бил направен.
Пред да го направи.
Македонецот би се претворил во дупката на зурлата или на некоја шупелка.
Во ништо.
Во сета оваа извалканост охрабрува само фактот дека неговата релативна моќ ќе опаѓа. Тоа е закономерна судбина на типовите кои кон времето и потребите на општеството се однесуваат како камен покрај пругата на брзиот воз на Историјата.
Вморонското “ура” нема повеќе никакво ехо. Луѓето ја симнуваат маската на гордоста што им ја залепија комитите и почнуваат реална комуникација со сонародниците, со продавниците, со времето и просторот.
Вмро останува стар хит кој во јавниот простор нема да може да се пушта.
Нема да е згодно.
Тоа е.
Од Фејсбук ѕидот на авторот 
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 13, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

ВЕСТИ May 13, 2026

Иран нема да влезе во втората рунда преговори со САД додека не се исполнат пет…

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.