Над 400 припадници на специјалните полициски сили го “окупираат” синоќа центатралното градско подрачје кај хотелот Бристол. Полициската акција започна во 01:00 часот по полноќ со цел да ги протера активисти, кои беа собрани да го сочуваат паркот од уништување и изградба на административен објект, притоа 11 активисти беа приведени.


Силни полициски сили биле на секој агол во центарот на градот, додека работниците работа полицијата буквално помага. Поставени се огради околу поширокото подрачје на паркот.

Паркот Бристол е локацијата каде огромни дрвја некои постари од 60 години беа исечени во налик слична полициска акција на 3-ти август оваа година, со цел на тоа место да се изгради седумкатна административна зграда која ќе се користи за потребите на советот за радиодифузија.




