Полициски службеници од Одделението за безбедност при сообраќај при СВР Скопје, синоќа околу 21:40 часот, одзедоа шест возила поради учество во „диви трки“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

„На 20.08.2022, околу 21:40 часот, на улица „Бојмија“ во Скопје, полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје одзедоа шест возила, поради учество во т.н. диви трки“, велат од МВР.

Оттаму информираат дека возилата ќе бидат однесени во Станица за технички преглед каде ќе им биде извршен вонреден технички преглед и против сопствениците ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.