Голем пожар настанал крај станбена зграда во скопската населба Аеродром, а засега не се знае причината. Според читателите првично бил запален автомобил кај т.н. „Тобако-2“, на свиокот на булеварот „Јане Сандански“.
Жители од зградата во паника и страв ги напуштаа своите домови, а командирот на Противпожарната единица, Владимир Симоновски, за НоваТв, истакна дека нема потреба од вознемиреност, дека возилото е изгасено и нема никаква опасност по зградата.