Учениците од државното средно музичко училиште во Битола денеска излегоа на протест, тие заедно со своите родители побараа решение за катастрофалните услови во кои се изведува наставата.

„Се грееме на дрва, дограмата е речиси искршена, тоалетите се во очајна состојба и немаме основни услови за наставата“, ја објавува ТВ Орбис изјавата на еден ученик.

Според Советот на родители во повеќе наврати била побарана помош, но досега во изминатите три години никој не ни им излегол во пресрет.

Тие сметаат дека можеби главниот проблем е што училиштето е државно и под директна надлежност на Министерството за образование.

И покрај фактот што дури 30 се добитници на државни стипендии и обезбедуваат бројни награди, никако не можат да го решат проблемот со основите елементарни потреби во кои освен наставата ќе можат и да вежбаат на соодветните инструменти, објавува ТВ Орбис.



Фото: ТВ Орбис




