Утринските фотографии од метрополата направени од објективот на НОВАТВ, предупредуваат дека со заладувањето се зголемува загаденоста на воздухот. Според мерните станици во Скопје, во моментов најзагаден е воздухот во Центар, Лисиче и во делот кај Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.