Published: Thursday, July 24, 2014 14:43
Загрижени граѓани од Тетово по повикот на НОВА да испраќаат фотографии и видеа по нивни избор, денеска ни испратија фотографии од состојбата во Тетовската болница.

Според нашиот читател овие фотографии се направени денеска на Интерното машко одделение каде што, како што наведува, поради големиот број на пациенти, дел од женските пациенти се сместени на ова одделение.

Читателот смета дека целокупната Македонска јавност треба да дознае во какви услови се лекуваат нашите граѓани.

НОВА ги охрабрува читателите да праќаат во нашата редакција нивните текстови, видео, фотографија на оваа и други теми кои сметаат дека се релевантни а со што би дале придонес кон развој и унапредување на граѓанското новинарство.




