Десетици луѓе се водат за исчезнати по лизгање на земјиште во јужна Калифорнија.
– Во потрага сме по 43 луѓе … Овој број постојано се менува, изјави шерифот Бил Браун од Санта Барбара.
Досега, потврдена е смртта на 17 лица. Поплавите во југозападната американска држава уништија многу куќи и го прекинаа сообраќајот.
Природната катастрофа беше предизвикана од обилните дождови во понеделникот и вторникот во областите уништени од големиот пожар во Калифорнија минатиот месец.