Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ФОТО) Над 450 битолчани побарале проценка на штетите, земјотресот го оштети и манастирот „Свети Ѓорѓија“ во Велушина

0
By НОВА ТВ Balaban on January 14, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
FOTO IZIIS
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Но, и на мал потрес некого да удри малтер, сигурно дека не е пријатно и затоа неколку простории во битолската болница времено ќе бидат надвор од употреба додека не се санираат тие оштетувања. Слични оштетуавња има и во една градинка и таму ќе треба ситни интервенции. Но, за среќа, на овие објекти не се забележани оштетувања на столбови, туку пукнатини на некои од ѕидовите, паднат малтер и друго. Сега-засега нема конструктивни оштетувања и безбедноста на објектите не е доведена во прашање, но истите може да бидат затворени од други причини – додава Шешов.

Над 450 барања за проценка на штетите од земјотресите поднеле битолчани во изминатите три дена на шалтерите на Општината. Меѓу првите објекти коишто се проценуваат се оние од јавен интерес, а од првичниот увид, како што ни изјави проф.д-р Влатко Шешов, директор на ИЗИИС, сега-засега нема конструктивни оштетувања и безбедноста на објектите не е доведена во прашање. Земјотресот го оштети и манастирот „Свети Ѓорѓија“ во пограничното село Велушина, каде распукале таваните и некои од ѕидовите, а се урнале и делови од конаците.

Од Општина Битола ни изјавија дека комисиите за проценка на штети излегле  на терен уште завчера и дека се проверуваат виталните објекти од јавен интерес, за што пристигнале и стручњаците од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) кои проценуваат смее ли овие објекти да функционираат.

– Според првичниот увид, овие објекти, најверојатно, ќе смее да се користат, а вчера заеднички посетија уште неколку објекти – училиштата од селата и други. Доколку имаше поголеми оштетувања, секако јавноста ќе  беше информирана – ни изјавија од Општината.

Оттаму појаснуваат дека ќе се утврди методологија и начин на исплата на штетите од земјотресот согласно Законот за заштита и спасување и заклучоците по средбата со претставници од Владата.

– Секако дека нема да се држиме до оној максимален рок за проценка на штети, кој трае 365 дена. Во врска со тоа има ли и неосновани побарувања за отштета, претпоставуваме дека ќе ги има, но затоа комисии излегуваат на терен. А може да се случи и на хартија некое оштетување на објект да се чини незначително, а увидот да покаже дека е посериозно и дека треба санација – додаваат од општината и потсетуваат дека барањата можат да се поднесуваат до 26 јануари и дека тој рок, најверојатно, нема да биде продолжен.

Проф. д-р Шешов: Земјотресот е со среден интензитет,  не се очекуваат оштетувања и на конструкциите на објектите

Директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија – ИЗИИС, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф.д-р Влатко Шешов, за НОВА ТВ изјави дека испратиле два тима од ИЗИИС во Битола, коишто извршиле првичен увид на објектите од јавен интерес.

– Според силината, магнитуда од 5,6 степени по Рихтер, овој земјотрес спаѓа во оние со среден интензитет, од кој не се очекува да има оштетувања и на конструкциите на објектите. Ги подготвуваме извештаите и во контакт сме со надлежните од Општината, бидејќи на градоначалникот Коњановски му се понудивме и испративме тимови за рапид (брза) проценка на безбедноста на објектите од посебен интерес – болници,  полиција, општина, училишта, градинки… Ни беше испратен и првичен список на оние објекти кои претрпеле оштетувања и ги поминавме сите. Еве, од увидот во клиничката болница констатиравме дека поради оштетувањата, за среќа, не е доведена во прашање безбедноста на овој објект, односно дека не е нарушена стабилноста, за истата да не може да се користи – вели Шешов.

Тој додава дека штетите кои ги предизвикал земјотресот секако треба да се отстранат што побрзо, но важно е дека, според првичниот увид, тие не се од безбедносен карактер.

– Но, и на мал потрес некого да удри малтер сигурно дека не е пријатно и затоа неколку простории во болницата времено ќе бидат надвор од употреба додека не се санираат тие оштетувања. Слични оштетуавња има и во една градинка и таму ќе треба ситни интервенции. Но, за среќа, на овие објекти не се забележани оштетувања на столбови, туку пукнатини на некои од ѕидовите, паднат малтер и друго. Од првичниот увид сега-засега нема конструктивни оштетувања и безбедноста на објектите не е доведена во прашање, но истите може да бидат затворени од други причини – додава Шешов.

Паднат малтер, распукани ѕидови и фрески и во манастирот „Свети Ѓорѓија“ 

Еден од објектите којшто го посетиле стручњаците од ИЗИС е и манастирот   „Свети Ѓорѓија“ во селото Велушина.

– Таму забележавме дека има паднат малтер и распукани некои ѕидови, фрески, како и на дел од конаците, а бидејќи тоа е културно – историски споменик, проценка на оштетувањата на овој објект е  во надлежност на Заводот за заштита на спомениците на културата. Но доколку треба помош при увидот, тука се и нашите претставници – вели Шешов.

Манастирската црква била изградена во 1839 година.

(Љ.Б.)

барања Битола Влатко Шешов земјотресот манастирот „Свети Ѓорѓија“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.