Published: Monday, July 20, 2015 15:53
Над Охридски Комиуналец, односно во. населбата Карпош 5 во Охрид во моментов на планината Галичица се 3 видливи пожари.
Пожарот на Галичица добива на интензитет и пламенот е видлив од целата урбана зона на Охрид. Градот кратко остана без електрична енергија. Струјата била исклуена превентивно бидејќи пожарот е во близина на далноводот преку кој од РЕК БИТОЛА Охрид добива струја. Пожар е во близина на населбата Гоце Делчев и Бејбунар, објави Охрид 1.

Според изјавите на очевидци околу 14 часот имало гласна детонација како од електричен спој, по што во делови на градот снемало електричен напон. По неколку минути биле и видени првите жариштата.

Информација за жртви, нема, пожарната е информирана, но не може да се каже дали е на лице место.




