Нашите фудбалски херои попладнево слетаа на скопскиот аеродром, од Палермо каде синоќа ја поразија репрезентацијата на Италија со 1:0.
На аеродромот во Скопје беа дочекани од многубројни новинарски екипи, кои им честитаа на фудбалерите на историскиот успех и ги пренесоа до јавноста нивните први импресии по враќањето на домашен терен.
На фудбалерите им беше приреден дочек на скопскиот плоштад, а многубројните навивачи, љубители на фудбалот и граѓани кои се затекнаа на плоштадот не можеа да го скријат задоволството од победата на нашата репрезентација над фудбалскиот џин Италија.