Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФОТО+ВИДЕО: Санирани штетите од невремето, попладнево пак пороен дожд

0
By Нова ТВ on June 9, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 9, 2018 16:19

Сите градски улици и булевари се проодни еден час по завршувањето на бурата. Сите пожари се изгаснати, паднатите дрвја отстранети, а единствено останува дорасчистувањето по општинските улици каде интензивно работиме заедно со општините, изјави началникот на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, Емил Дуровиќ.

По невремето со интензивни врнежи и силен ветер што го зафати Скопје и регионот, како што рече Дуровиќ, веднаш бил одржан состанок на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, на кој учествувале претставници од Градот Скопје, јавните претпријатија и Противпожарната бригада на Скопје за координирање на активностите за побрзо отстранување на настанатите проблеми.

Тој ги повика граѓаните доколку имаат штета или некаков проблем да пријават на телефонскиот број 195.

Оштета за граѓаните нема да има

Одговарајќи на новинарско прашање, Дуровиќ рече дека граѓаните кои претрпеле штета од невремето нема да бидат обештетени зашто според УХМР ветрот дувал со брзина од над 80 километри на час, а тоа се води како непогода.

„Доколку брзината на ветрот е под 72 километри на час штетата ја надоместуваат јавните претпријатија, а над оваа брзина се води како непогода и тоа значи дека нема да бидат обештетени“, рече Дуровиќ.

Најмногу врнежи во Куманово, најмалку во Маврово и Тетово

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) до 13 часот во невремето што зафати делови од Македонија најногу дожд наврнало во Куманово – 20 литри на метар квадратен, во Скопје – Петровец 16, Скопје – Зајчев Рид 11, Лазарополе 4  и помалку од 1 литар на метар квадратен во Маврово и Тетово.

Оттаму информираат дека врнежите на Метеоролошката станица Зајчев Рид траеле само 25 минути и тоа од 11 40 до 12 05 часот, а за тоа време паднале 11 литри на квадратен метар.

https://novatv.mk/storage/2018/06/nevreme.mp4

Од Управата информираат дека попладнево повторно ќе има врнежи проследени со грмежи и повремено пороен дожд. За утре се најавува нестабилно време но со помал интензитет и претежно во планинските региони.

По невремето, освен Град Скопје реагираа и некои скопски општини.

Општина Центар по денешното невреме, формираше општинско координативно тело за увид на јавните површини погодени од невремето и констатација на штетите и ги повика граѓаните доколку увидат оштетување на јавна површина, да пријават до надлежните во општината.

Градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин соопшти дека поплавата на булевар „Јане Сандански“ пред слаткарницата „Палма“ е веќе санирана. Исто така, се детектирани паднати дрвја во паркот во Мичурин, Бојмија и на други локации врз улици и тротоари, паднати кровни конструкции, билборди, бандери и електрични кабли, како и настанати штети врз автомобили и приватен имот.

Силно невреме го погоди и регионот

Федералниот хидрометеоролошки завод во Сараево издаде портокалов метеоаларм за северните региони на Босна и Краина, каде што денеска се очекува невреме со дожд и грмотевици, а на некои места и град.

Минатата недела слично време беше регистрирано и во Словенија, Хрватска и Србија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.