Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фотофиниш на бугарските избори – се очекува ли реприза на резултатите од 4 април?

0
By НОВА ТВ on July 8, 2021 СВЕТ
ФОТО: БНР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На пет дена пред парламентарните избори на 11 јули во Бугарија, според последните објавени анкети разликата меѓу „Има таков народ“ на Слави Трифонов и ГЕРБ на Бојко Борисов се мери во фотофиниш. Ова го покажуваат податоците од националното истражување на „Алфа рисрч“, спроведено помеѓу 4 и 7 јули.

Според истражувањето, помеѓу 47 и 50 проценти од возрасните граѓани се подготвени да гласаат на изборите во недела, што значи дека помеѓу 3,1 и 3,3 милиони гласачи ќе излезат на избирачките места. Мобилизирачки фактор за излезноста е желбата на секоја од двете главни групи гласачи – од една страна, приврзаниците на ГЕРБ и од друга страна, „партиите на протестот“ – да се утврди насоката на развојот на земјата и да се формира Влада.

На крајот на изборната кампања, истражувањето покажува голема неизвесност за првото место. По падот на поддршката и повлекувањето на дел од членовите во редовите на ГЕРБ, што се забележуваше на почетокот на кампањата, сега кон крајот на кампањата повторно постои одредена мобилизација.

Неколку дена пред изборите, поддршката за ГЕРБ е 21,5%. ИТН го искористи моментумот за свој напредок на изборите на 4 април и успеа да привлече значителен дел „протестните гласови“. Како резултат на тоа, ИТН достигна до поддршка од 21,8%, што и дава предност во фотофиниш во однос на ГЕРБ. Континуираната мобилизација на приврзаниците на ГЕРБ може да го промени овој тренд. Од друга страна, вклучувањето на повеќе млади во изборниот процес, како и гласањето на дијаспората, може да обезбеди предност на ИТН. На третата позиција се класира БСП на Корнелија Нинова, со поддршка од 16,4%, а следува „Демократска Бугарија“ на Христо Иванов со 12%. Петта, според поддршката на анкетите, е партијата која традиционално ги добива гласовите на етничките Турци – „Движење за права и слободи“, на чело со Мустафа Карадај, со 11,1% поддршка. Последни што го минуваат цензусот и би освоиле пратенички позиции се движењето „Исправи се“, предводено од Маја Манолова, за кое би гласале 5,4%. Веднаш под петпроцентниот изборен праг, се наоѓа коалицијата „Бугарски патриоти“, од која дел е и Красимир Каракачанов, со поддршка од 3,8%.

Разликата во анкетите е во рамки на статистичката грешка

Доколку резултатите од анкетите се преточат во изборни резултати во недела, драстично нема да се промени сликата во распределбата на пратеничките места од изборите на 4 април, кога партиите не успеаја да формираат коалиција и Влада. Единствено што во меѓувреме се промени се зачестените најави од страна на лидерите на партиите дека сега поупорно ќе влезат во преговори за состав на Влада и функционален Парламент, со цел да не дојде до нова политичка криза.

Од друга страна, агенцијата „Барометар“ покажува слични резултатите, кои се исто така во рамки на статистичката грешка, но овојпат резултатите од истражувањето одат во полза на Бојко Борисов.

ГЕРБ во моментов ја задржува првата позиција со 21,9%, но постои тенденција на благ одлив на гласачи. „Има таков народ“ моментално ја добива поддршката од 19,3% од гласачите во земјата, без да се имаат податоци на расположението во дијаспората, каде партијата на Борисов ужива минимална поддршка. Во истражувањето на „Барометар“, пак, „Исправи се“ на Манолова останува под изборниот праг.

-Слави Трифонов и неговата партија се инструмент на гласовите на граѓаните што протестираа. Поддршката за него доаѓа врз основа на протестот против криминалот и корупцијата на претходната влада, анализира за „Дарик радио“ политологот Димитар Ганев. Според него партијата на Слави Трифонов треба да понуди позитивна програма, бидејќи во моментов поддршката единствено ја добива како одговор на револтот кон статус-кво состојбата во државата и општеството, чие олицетворение се останатите политички сили во спектарот што гласачите сакаат да ги казнат.

Слави Трифонов - претседател на ИТН
Слави Трифонов – претседател на ИТН

„Партиите на протестот“ без мнозинство

Ганев истакна дека во последните шест месеци Трифонов стори сé што е можно за да се позиционира како играч кој е против статус-кво состојбата, против „сите“ и благодарение на тоа освои огромна поддршка. Според него, се очекуваат изненадувања и на изборите в недела.

Претходно,заменикот на Трифонов во партијата „Има таков народ“, Тошко Јорданов изјави дека ќе преземат одговорност и ќе предложат премиер и Влада доколку ја добијат поддршката.

-Слави Трифонов не е личност што сака лична моќ. Резултатите и министрите ќе бидат правилно избрани креатори на политики. Според тоа, Трифонов не сака да биде премиер, а јас да бидам министер, рече Јорданов, без да даде повеќе детали како би се формирала коалицијата, со оглед на фактот што „партиите на протестот“ не би имале доволно народни избраници за мнозинство во бугарското Собрание, кое брои вкупно 240 пратеници.

Токму „Има таков народ“ и „партиите на протестот“ како „Демократска Бугарија“ и „Исправи се“, очекуваат поголема поддршка од гласањето на Бугарите во странство, како и ДПС кои очекуваат значен број гласови од соседна Турција. За овие избори, кои се први во Бугарија што ќе се реализираат исклучиво преку гласање на машини, се отворени и рекорден број избирачки места во дијаспората. Изборите ќе се одвиваат во 68 држави во светот со вкупно 784 избирачки места, односно 70% повеќе од последните избори на 4 април.

За овие избори во странство се пријавиле дека ќе гласаат 71.170 Бугари, што е за 17.000 помалку од изборите пред три месеци. Ова секако не значи дека ќе гласаат помалку Бугари, бидејќи пријавувањето не е задолжително, а Бугарите во странство можат да го остварат своето право на глас на самото избирачко место со пополнување изјава и прикажување документ за лична идентификација.

Во меѓувреме, органите на редот спроведуваат масовни акции поради сомнежи за поткуп на гласачи ширум целата земја.

Л.А.

Бојко Борисов Бугарија ГЕРБ избори ИТН Слави Трифонов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.