Денеска во 10 часот започна 24-часовната блокада на Автокоманда, најголемата раскрсница во Белград. Блокадата засега се одвива без инциденти и во позитивна атмосфера со различни спортски и општествени активности, пренесува Н1.
Студентите ги поканија граѓаните да им се придружат и изјавија дека смените ќе траат по четири часа. Тие апелираа до сите да се придржуваат до договорените правила и да ги почитуваат упатствата на редарите.
Во продолжение ја доловуваме атмосферата на блокадите низ објективот на српските портали.










