Published: Tuesday, February 18, 2014 13:17
Ескалираа протестите на стечајците пред Влада. Како што информираше НОВА во полициското комбе биле внесени активист од левичарскот движење Солидарност Васко Цацаноски и лидерот на стечајците Лилјана Георгиевска, која и покрај тоа што барала од полицијата да ја пуштат за да ги смири стечајците, тие ја ставиле во полициското возило.

По инсистирање на Уранија Пировска, од Хелсиншкиот комитет, Георгиевска беше пуштена, по што таа им се обрати на стечајците.
.jpg)
Портпаролот на СВР Скопје Лиза Бендевска, за НОВА изјави дека не станува збор за никакво приведување.
Протестот започна утрово во 10 часот под силно полициско обезбедување пред Сојузот на синдикатите на Македонија.




