Денеска во 13 часот, студентите на Архитектонскиот факултет го прогласија објектот за автономна зона.
Ова е прва вечер која Пленумците ќе ја преспијат на овој факултет и во борбата против актуелните реформите во високо образование порачаа дека тие сега ја проектираат нивната иднина.
Со свирежи и сирени, студентите попладнево се движеа од предавална во предавална и ја бојкотираа наставата, а масовна поддршка добиваа и од професорите.
За сега сѐ уште не се знае дали студентите од Градежен факултет ќе се приклучат на Автономната зона. Тие вечерва ќе одржат интерен пленум на кој ќе ја дефинираат својата одлука.
Нивните колеги од Архитектонскиот факултет повикаа на солидарност од граѓаните, бидејќи како што велчат окупацијата ја започнале со минимални количини на храна, течности и средстав за хигиена.
Погледнете ја атмосферата на Архитектонскиот факултет денеска низ објективот на НОВА .























