Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фотогалерија: Скопската котлина утринава обвиткана во густа магла

0
By Нова ТВ on December 19, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 19, 2013 11:18

Скопје претпладнево е обвиткана во магла, сообраќајот се одвива непречено но, забавено, градскиот сообраќај се одвива со задоцнување.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Поради ниските температури можна е појава на голомразица на некои повисоки планински и осојничави места.

Намалена видливост поради магла: Куманово – 20м, Скопје – 100м, Сарамзалино – 30м, Неготино – 200м, Д.Капија – 70м, Петровец – 50м, Кула – 50м.

Во текот на денот се очекува разведрување во скопската котлина со умерена облачност. Минималната температура ќе достигне до минус пет, а дневната ќе се искачи до пет степени, се вели во извештајот од Хидрометеоролошкиот завод. Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус два, а дневната од пет до 11 степени.

Смогот и маглата се веќе над една недела причина за малата видливост и во централните подрачја на главниот град. Граѓаните секојдневно бараат од надлежните институции да преземат конкретни мерки, а невладините организации упатуваат и молби до граѓаните и тие да преземат она што е во нивна моќ и да помогнат да се подобри ситуацијата со нискиот квалитет на амбиентен воздух во главниот град на Македонија.

Според прогнозата во следните денови се очекува стабилно и суво време со слабо изразено воздушно струење. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.