За речиси половина час невреме, колку што го зафати попладнево Скопје, неколку предели од градот останаа привремено без струја а поплавени се и неколку улици.
Искршени или откорнати се дрвја поради ветерот и силниот дожд, а граѓаните на социјалните мрежи постојано објавуваат нови фотогорафии барајќи одговорност од надлежните, бидејќи велат дождот траел реалтивно кратко а сепак сообраќајот заглави.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) локалното нестабилно време на повеќе места ќе продолжи и во вечерните часови. Невремето е поизразено во источните и во западните планински делови.
извор на фотографии: Твитер и Фејсбук