Првпат во историјата на Европската унија (ЕУ), денеска на полноќ една земја ќе ја напушти заедницата – збогум ќе каже Велика Британија.
Со нејзиното заминување, ЕУ ќе стане помала за 66 милиони жители и ќе загуби околу 5,5% од својата територија. Освен тоа, ја губи и втората по големина економија.
Договорот за Брегзит предвидува преодна фаза до 31 декември 2020 година, во која Британците остануваат дел од внатрешниот пазар на ЕУ и од царинската унија. Тоа има за цел да се избегне преголем удар за економијата.
Доколку Велика Британија некогаш повторно сака да стане ЕУ-членка, за неа ќе важат вообичаените критериуми за прием како и за останатите земји, што значи процес кој би можел да трае со години.