Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Франција ќе ги едуцира децата на републикански вредности и секуларност

0
By Нова ТВ on January 25, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 25, 2015 15:14

Францускитe деца ќе добијат интензивна обука за демократските вредности и почитувањата на религиите и медиумите откако Франција се обидува да закрепне по терористичкиот напад врз редакцијата на сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“, пишува британски „Индепендент“.

Планот вреден 250 милиони евра беше објавен неодамна од француската министерка за образование Нажат Валу Белкасем, според кој децата на возраст од 6 до 18 години ќе се запознаат со „републиканските вредности“, особено издвојувањето на религијата од државата.

На учениците ќе им бидат воведени нови предмети за важноста на демократските институции и симболи. Тие за прв пат во државните училишта, ќе бидат едуцирани за разликите и сличностите помеѓу религиите.

Ќе им се предава како да разликуваат објективни вести, пропаганда или заговор. Се очекува секое училиште да започне сопствен весник, радио станица или веб-сајт .

Најмногу од сè, преку интензивни лекции, француските наставници ќе се обидат на децата да им го објаснат принципот на секуларност, односно одвојување на црквата и државата, содржани во француските закони од 1905 година, како би се гарантирале еднакви права за сите религии, а секој „9.декември“ ќе се слави Ден на секуларноста.

Програмата е составена како одговор на вознемирувачките збиднувања кои за три дена во терористички напади загинаа 17 лица во Париз.

Доколку се анализираат верзиите и мислењата на младите, има муслимански тинејџери кој одржаа две-минутно молчење во знак на жртвите. Други пак, инсистираа дека убиствата биле „оправдани како би се одбранил пророкот Мухамед“. Според други тинејџери, терористичките напади ги извршиле САД или Израел, пренесува „Индепендент“.

Од следниот септември родителите и децата ќе треба да потпишат „договор за секуларност“, кој забранува расно или сексистичко однесување, како и непочитување на било која религија или симболите на демократијата.

Програмата предвидува учениците кои ќе ги прекршат правилата да одработат во добротворни организации како Црвениот крст или нивните локални еквиваленти. Училиштата ќе се охрабтуваат да одржуваат редовни церемонии во кои децата ќе го поздравуваат француското знам и ќе ја пејат националната хима „Марсељезата“.

Програмата, која ја претстави Белкасем, предвидува и поправни часови со кои би им се помогнало на децата имигранти да го научат подобро францускиот јазик.

И француските власти се огласија зошто се прави ова. Според претседателот на земјата, Франсоа Оланд „секој пат кога ќе бидат загрозени основните вредности на училиштата и републиката, ќе бидат преземани одредени мерки“.

Од друга страна министерката Белкасем вели овој едукативен план се внесува бидејќи „децата се линијата на фронтот во борбата против неправдата и омразата“.

Властите порачаа дека децата нема да бидат препуштени сами на себе во оваа Програма, туку со нив ќе соработуваат и нивните родители.

Според францускиот премиер Мануел Валс оваа реформа е потребна бидејќи Франција била жртва на „етнички и социјален апартхејд’ бидејќи не биле добри односите помеѓу побогатите и посиромашните и мешани преградија. Тој порачува дека оваа Програма предвидува „социјално мешање“ во училиштата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.