Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Француските претседатели и нивните љубовници- вистинска традиција

0
By Светлана Јовановска on January 15, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 15, 2014 19:32

Француски претседатели и нивните тајни љубовни врска се вистинска традиција во оваа земја. Веројатно токму поради тоа и оваа последната, на Франсоа Оланд со актерката Жули Гаје, нема на францускиот претседател да му направи голема штета во јавноста и кај избирачите доколку тие се задоволни од политиката што тој ја води.

Сите се уште се сеќаваме на Никола Саркози и неговиот развод со Сесилија кусо време откако тој влезе во Елизејската палата. Набрзо се роди љубов помеѓу него и Италијанката Карла Бруни која тој одлучи да не ја крие и со неа да се венча. Со самото тоа Саркози покажа стил поинаков од оној на неговите претходници.

Но, приказната на Жак Ширак е сосема друга. Според аналитичарите, во времето на Ширак не можело да се замисли претседателот да се разведува. Но, Ширак исто така во еден момент сакал да ја напушти сопругата поради љубовта кон една новинарка која работела за “Фигаро” чие што име останува тајна за јавноста.


Жената со која го врзувала голема љубов е политичарката Мари-Франс Гаро

Архивата брои десетици жени со кој тој имал врска. Некои од овие врски биле подолги од другите а во слатките шпекулации се врти и приказната за големата љубов на Ширак кон Јапонија.

Освен љубовта кон земјата, Ширак патувал над 40 пати во Јапонија и, според некои извори, има син во оваа земја со неговата врска со една преведувачка. Пред неколку години на виделина излезе скандал за тајна сметка на Ширак во Јапонија. Се претпоставува денес дека таа сметка постоела за издршка на детето.

Дискретните излети на Ширак oчигледно не биле секогаш ефтини. Се раскажува дека со некои од љубовниците одел на патувања кои најчесто биле плаќани од државни пари.


Докторката Мишел Барзак исто така се смета дека имала врска со Ширак

Неговата сопруга Бернардет сама признала дека нејзиниот сопруг имал голем успех кај жените. И таа, како и сопругата на Митеран, решила да остане до него.

И Франсоа Митеран не бил ангел во тој поглед. “Од една жена не можете да барате повеќе од тоа што и го давате”, се зборовите на Митеран за кој светот откри дека имал паралелна врска со Ан Пенжо со која е родена ќерката Мазарин.


Ан Пенжо за време на погребот на Митеран

Неговата сопруга Даниел добро знаела дека мажот треба да го дели не само со неговата страст за политика туку и со други жени надевајќи се дека токму таа ќе остане “најсаканата”. Даниел, велат, имала љубовник, минала низ депресии, заминувала и се враќала, сакала да се разведе но конечната одлука била да остане во брак и, велат, “да креира атмосфера околу Франсоа која го ослободувала од сите грижи” варејќи му чај со мед.

Валери Жискар д Естен исто така бил голем заводник кој ги сакал актерките а не новинарките или политичарките како Ширак. “Тој имаше малку апетит за новинарки кои за него не беа доволно гламурозни”, вели еден новинар. Се зборува за повеќе жени помеѓу кои и Марлен Жобер а позната е и сторијата за сообраќајка во 1974 година кога до него седела една од неговите љубовници.


Актерката Марлен Жобер

Жискар дЕстен пред неколку години издаде книга за љубовта на еден претседател вдовец со една принцеза во која многумина ја видоа Лејди Ди. Но, според британскиот печат таа прикаска не е вистина и се работи за соништата на еден стар заводник.

Историјата исто така памети дека претседателот Феликс Фор починал во рацете на својата љубовница во 1899 година.

Со сето ова искуство со своите претседатели, но и редица други политичари, станува јасно зошто Французите не сметаат дека однесувањето на Оланд е за осуда.

За разлика од францускиот печат кои љубовта на Оланд ја симнаа од првите страни, нивните колеги Британци и Американци се чудат што на прес конференција во вторникот не биле поставени многу прашања за љубовната врска. “Дали во Велика Британија или во САД претседателот ќе излезеше без последици? Веројатно не. Тоа е Франција”, вели Гардијан.

Во секој случај, најновата серија на маките на француските претседатели не е завршена. Нема сомение дека спин докторите ќе сторат се за да го намалат значењето на прикаската. Овој пат сепак настаните не им одат во прилог. Најдоцна до 11 февруари Оланд ќе треба да реши дали има или нема прва дама. Бидејќи првата дама треба да се појави на официјалната вечера кај Мишел и Барак Обама. Или можеби не? Француските претседатели имаат доволно искуство во оваа област за да се снајдат во ваква ситуација.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 7, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

ВЕСТИ May 7, 2026

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп претстави нова стратегија за борба…

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.