Француската влада води дебата за новиот предлог-закон од страна на претседателот Франсоа Oланд да им помогне на загрозените предградија на земјата, кои се сцена на немири во последниве години, јавува Би-Би-Си.
Околу 5 милијарди евра како директна државна инвестиција ќе се инјектираат следната година во проекти за да се генерираат нови работни места и подобрување на домувањето.
Г-дин Оланд го посети проблематичнoтp париско предградие Клиши-Су-Боа оваа недела.
Тој призна дека “бавно горечкиот осигурач” на приградските немири се уште гори, но рече дека тоа би можело да биде запрено.
“Иако овој осигурач гори полека, ние може да го запреме со проекти кои се долгорочни, со многу долг рок,”, рече тој.
Немирите од 2005 започнаа во Клиши, брзо ширејќи се преку станбените објекти низ целата земја.
Таквите области се дом на голема популација на последните имигранти и нивните потомци често од француските поранешни колонии од Северна Африка, со муслиманско мнозинство и веќе долго време се предизвик на социјалната кохезија на земјата.