Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Франција го ратификуваше Протоколот-остана уште Шпанија

0
By Нова ТВ on November 21, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Франција го ратификуваше Протоколот за НАТО, објави на својот твитер профил македонската министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска.

Според објаснувањето од француското Министерство за Европа и за надворешни работи, пристапувањето на Северна Македонија во НАТО  ќе ја зајакне безбедноста на регионот и на Алијансата како целина.

Останува уште Шпанија да го ратификува протоколот за да може Македонија да стане полноправна земја членка на НАТО. Во Шпанија неодамна се одржаа избори и се уште не е формирана влада.

Дваесет и осум од 29 земји-членки практично за девет месеци го ратификуваа Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, што претставува силна политичка порака, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која напомена дека денеска сме буквално на чекор од полноправно членство во Алијансата, откако изутрината ратификацијата на Протоколот заврши и во Франција.

-Денеска сме буквално на чекор до полноправно членство во НАТО, откако Собранието на на Франција го ратификуваше протоколот за нашето пристапување во НАТО. Дебатата во Националното собрание на Франција изутринава во девет беше интересна. Ова покажува дека процесот за ратификација оди брзо и дека како држава имавме право и бевме амбициозни и покажавме дека ова членство го заслужуваме и одработивме. Останува процесот да се заврши само во Шпанија. Ниту една земја-членка немаше ниту една дилема во однос на нашето членство во Алијансата, рече Шекеринска денеска одговарајќи на новинарско прашање по регионалната конференција „Улогата на жената во сочувувањето на мирот и безбедноста – Резолуција 1325 – Основа за акција, која денеска и утре се одржува во Скопје.

Додаде дека се очекува истата порака да се испрати од самитот во Лондон, како и третманот на нашата држава да биде де факто членка на Алијансата.

-Вестите од Париз покажаа дека како држава си ги реализираме своите стратеши цели и убедена сум дека овој стратешки успех ќе ни даде сила да ги завршиме другите работи, рече Шекеринска.

Во врска со тоа кога да се очекува ратификација во Шпанија, таа посочи дека таму постојат одредени дилеми околу составот на владината коалиција.

-Првата информација беше оптимистичка, дека се собира мнозинство. Дилемата е дали ќе биде мнозинска или малцинска влада. Информации ќе имаме веднаш по Лондонскиот самит, во тој момент ќе биде одржана првата седница на шпанскиот Парламент. Има работи кои зависат од нас, но има работи кои не зависат од нас рече, Шекеринска.

Пред неколку денови генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека не очекува процесот на ратификација на членството на Северна Македонија во Алијансата сите сојузници да го завршат до почетокот на декември, но очекува процесот да биде завршен во почетокот на следната година. За земјава да стане членка документот треба да биде усвоен и во македонското собрание.

Џејмс Апатураи, заменик помошник на генералниот секретар на НАТО за политички прашања, во интервју за Радио Слободна Европа пред два дена изјави дека во почетокот на декември, кога ќе се одржи лидерскиот состанок на НАТО во Лондон, на сите ќе им биде јасно дека Северна Македонија е на самиот праг, а нивните очекувања се дека рано напролет земјата ќе биде и членка на Алијансата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.