Француската министерка за европски работи Натали Лоазо денеска изјави дека Париз ќе го признае Хуан Гуидо како привремен лидер на Венецуела ако претседателот Николас Мадуро до вечер не распише избори.
„Ако Мадуро до вечер не се обврзе да организира претседателски избори, во тој случај Франција ќе даде легитимност на Хуан Гуидо да организира избори и него ќе го сметаме за привремен претседател до одржувањето на легитимни избори во Венецуела, истакна Лоазo.
Предлогот на Мадуро за предвремени парламентарни избори, таа го оцени како фарса.