НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Французите утре избираат претседател, главната битка ќе се води меѓу Макрон и Ле Пен

0
By НОВА ТВ Balaban on April 9, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Речиси 49 милиони Французи утре ќе излезат на првиот круг од претседателските избори, а според анкетите главната борба, како и на претходните избори во 2017 година, ќе се води меѓу претседателот во заминување, центристот Емануел Макрон и кандидатката на крајната десница Марин Ле Пен.

Фаворитот во анкетите со месеци, Макрон, кој најдоцна влезе во предизборната кампања, во изминатите недели се соочува со намалување на разликата во однос на Марин Ле Пен, чија победа веќе не е незамислива.

Во првиот круг учествуваат вкупно 12 кандидати, додека аналитичарите проценуваат дека излезноста на гласачите ќе биде помала од вообичаената, бидејќи изборната кампања беше бледа и се одржа во голема сенка на војната во Украина.

Годинава првпат нема да има изборна ноќ на француската приватна телевизија ТФ1, која традиционално досега беше единствената телевизија која ги следи резултатите и носи аналитичари во студиото по затворањето на гласачките места. Овој пат таа изборна ноќ е скратена до 21.30 часот, по што ќе биде прикажана познатата француска комедија „Посетителите“.

На национално ниво, Франција се соочува со целосно поделена левица и слаба десница, па анкетите покажуваат дека Макрон би освоил околу 26 отсто во првиот круг, а Ле Пен околу 22 отсто. Макрон во вториот круг би ја победил Ле Пен со 53 отсто од гласовите, а таа би освоила 47 отсто.

Аналитичарите сметаат дека Ле Пен ја зголемила својата популарност зборувајќи за куповната моќ и грижите на Французите, но и поради падот на популарноста на кандидатот, исто така, на екстремната десница Ерик Земур.

Додека Земур повторуваше антиимиграциски и антиисламски теми, Ле Пен се фокусираше на куповната моќ ветувајќи итни мерки како што е укинувањето на данокот на додадена вредност (ДДВ) за одредени производи.

Земур е помалку популарен од почетокот на руската инвазија врз Украина, поради претходно позитивните ставови за рускиот претседател Владимир Путин и неубедливиот став за прифаќање украински бегалци. Земур често беше гонет за контроверзни изјави. Тој беше осуден во 2011 година за поттикнување расна дискриминација, а во 2018 година за поттикнување омраза кон муслиманите.

Лидерот на радикалната левица Жан-Лук Меланшон се очекува на третото место во првиот круг од изборите со околу 17 отсто од гласовите. Кандидатката на десницата Валери Пекрес и Земур би добиле по девет отсто од гласовите.

Пекрес, која пред неколку месеци важеше како сериозен противкандидат на Макрон, играше на таа карта дека освежување за Франција би било ако ја предводи жена. Сепак, таа остана без официјална поддршка од поранешниот десничарски претседател Никола Саркози, во чиј период беше министерка за буџет.

Другите кандидати би освоиле околу пет отсто од гласовите.

Во Франција, претседателот се избира со директно гласање, во два круга, доколку ниту еден кандидат не освои мнозинство во првиот круг.

Шефот на државата се избира за мандат од пет години и може да биде реизбран само еднаш.

Вчера на полноќ во Франција започна предизборен молк, кој ќе трае до утре во 20 часот по затворањето на гласачките места.

Францускиот закон забранува објавување на изборните резултати пред затворањето на гласачките места. Веднаш по затворањето на избирачките места, може да се очекуваат резултатите од излезните анкети спроведени од институти за истражување на јавното мислење.

Во француските прекуокеански територии вообичаено изборите почнуваат еден ден претходно.

Вториот круг од изборите е закажан за 24 април.

Изборите се одржуваат во екот на војната во Украина, но и во период на шестмесечното претседавање на Франција со Советот на Европската унија.

На претходните избори Макрон ја победи Ле Пен во вториот круг и со тоа стана најмладиот француски претседател. Неговото доаѓање на власт ги потресе традиционалните партии во земјата, левичарски и десничарски, кои се менуваа на власт со децении.

избори претседател Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.