Универзитетскиот Професор Љубомир Фрчковски беше гостин во ClickPlus на ТВ21.
Фрчкоски говореше за актуелни теми, меѓу кои: Односите со Бугарија, пописот, реформите во правосудството, односите меѓу коалицијата СДСМ-ДУИ и улогата на опозицијата….
Професорот се осврна и на улогата на САД во периодот по нашата независност и вели дека токму Македонија од 1992 до 1996 година била центар на ЦИА.
„Присуството на Американците при независноста 1992 година овде и тензијата со Србија, практично центарот на ЦИА беше во Македонија од 92-ра до 96-та, за време на војната во екс Југославија“, потенцираше Фрчкоски.