Професорот Љубомир Фрчкоски во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека историјата е премногу важна работа, но и дека има многу податоци кои во учебниците не биле доволно презентирани со оглед на општествените прилики и одлуките кои политичките елити ги носеле.
„Одлуката што е важно да се чита во историјата е политичка одлука, која треба политичките елити секоја политичка елита да ја носи. Стануваме независна држава и политичките елити кои владеат одлучуваат дека за нас ќе биде важно од нашата историја да го нагласиме што е главната линија на наративот. До 1945 линијата за соработка со Албанците беше заборавена, тоа беше скриена историја, немаме такви учебници на штета на соработката со Србија“, вели Фрчкоски.
Тој додава дека ВМРО единствено соработувал со Албанците, и со никој друг.
„Таа историја не ја учиме, таа треба да ја учиме, и основа за нашиот политички систем сега“, порача Фрчкоски.