Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фреди Белери, cause célèbre: Албански градоначалник со грчко потекло во албански затвор за купување гласови – избран за грчки европратеник

0
By Marija Todorovska on June 10, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 10, 2024 14:36

Грчката владејачка партија направи исклучително спорен избор за учество на европските избори што се одржаа вчера – Фреди Белери, градоначалник на градот Химара на албанската ривиера, кој е во затвор поради поткуп на гласови.

Затворањето на Белери е cause célèbre (контроверзно прашање кое привлекува големо внимание на јавноста) во Грција, бидејќи тој е етнички Грк, а тензиите меѓу Атина и Тирана околу неговото притворање сега се закануваат да влијаат на напорите на Албанија за пристапување во ЕУ.

За Грците, Белери е жртва на измислени политички обвиненија, додека за Албанците тој е застрашувачка личност, поврзана со вооружените бунтови на етничкото грчко малцинство. Исто така, тој нашироко се сметаше за клучен противник на албанската влада во случаите со запленување на имотите на етничките Грци околу Химара.

За конзервативната партија Нова демократија на премиерот Кирјакос Мицотакис, изборот на Белери за кандидат за Европскиот парламент значеше деликатна политичка калкулација, пишува Политико.

Белери, кој има и грчко државјанство, беше кандидат на албанската опозициска партија на изборите за градоначалник во Химара, град во јужна Албанија со големо етничко грчко население, во мај 2023 година. Тој беше уапсен два дена пред гласањето за наводно нудење 40.000 албански леки (395 евра / 425 долари) за купување осум гласови.

Номинацијата за пратеник во Европарламентот, која го стави Белери на 25-то место на партиската листа од 42 кандидати, дополнително ги оптоварува односите меѓу двете соседни земји и предизвика интензивна дебата на двете страни од границата.

Белери е контроверзна личност во Албанија. Во 1994 година, тој беше под истрага за наводна вмешаност во напад во кој беа убиени двајца офицери на албанската армија. Не беа пронајдени докази за поддршка на обвиненијата. Една година подоцна, во 1995 година, тој беше уапсен на грчко-албанската граница и осуден во Грција за нелегално поседување оружје.

Некои Грци го гледаат како жртва на политички прогон и бранител на имотните права на етничките Грци во Химара, каде владата се надева дека ќе изгради луксузни туристички одморалишта, се наведува во анализа на Дојче Веле.

Поддржувајќи го етничкиот Грк во албански затвор, Нова демократија може да се „пофали“ со своите патриотски ингеренции и да се обиде да се спротивстави на напливот на поддршка за екстремно десничарските партии, вклучително и националистичкото грчко решение и ултраортодоксната партија „Победа“.

Фреди Белери излезе со реакција по обезбедувањето место во Европскиот парламент, како европратеник на политичката партија на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Белери преку порака од затвор го опишува неговиот избор за европратеник како победа на светлината над темнината. Тој порача  дека војната е добиена благодарение на гордоста и патриотизмот на Грците. Во пораката до поддржувачите, подвлекува дека гласот на малцинството сега ќе биде уште посилен.

„Во текот на сите месеци на мојата авантура, зајакна моето верување дека светлината секогаш победува над темнината. А дека моќта на демократијата може да ја преврти секоја пучистичка практика, доволно е да се има волја и верба во повисока цел. Како што се боревме во оваа војна. Борба за демократија, владеење на правото, слободи и достоинство на граѓаните.“, вели Белери, пренесува Еуроњуз.

Според бројот на освоени гласови, Фреди Белери во моментов е трет кандидат од Нова Демократија на изборите за Европскиот парламент во Грција, каде по сè изгледа ќе обезбеди место во Европскиот парламент бидејќи таму партијата на грчкиот премиер ќе биде претставена со 7 пратеници.

Грчкото Министерство за надворешни работи покрај претпазливоста на „играње политика“ со Белери, изрази „силна резервираност“ за неговата кандидатура, изјавија неколку официјални лица за Политико.

Во Химара вчера граѓаните со огномети ја прославија победата на Белери кој е во затворот Фиер по истрагата на СПАК за купување и продавање гласови на изборите на 14 мај 2023 година, каде што беше кандидат за градоначалник на општина Химара, јавуваат албански медиуми.

Д. Тахири / Цивил Медиа

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.