Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Fridays For Future Skopje до екологистите: Следете ја нашата борба, вие не успеавте

0
By Нова ТВ on March 30, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 30, 2019 12:45

Движењето против климатските промени во контекст на Македонија FridaysForFuture Скопје јавно им се обрати на еко активистите и на сите граѓани, при што ги повикува да се приклучат на нивната борба против климатските промени и им укажува на грешките кои довеле ситуацијата со животната средина во Македонија да не мрдне од мртва точка.

Почитувани еко-активисти и драги сограѓани,

До неодамна, ви верувавме дека ја имате ситуацијата под контрола. Кога не уверувавте дека постои начин да се заштити животната средина, и само треба да почекаме ова прашање да дојде на ред, ние не се сомневавме во вистинитоста на вашите зборови. Вие го имавте животното искуство и експертското знаење, а нам на памет не ни падна да ја доведеме во прашање посветеноста која ја имате на вашите деца. Верувавме дека се додека ве имаме вас да не водите во животот, нашата иднина е безбедна.

Скоро веќе ја достигнавме нашата зрелост, а прашањето на животната средина се уште не дојде на ред. Секогаш имаше некој друг приоритет. Економијата, меѓуетничките односи, името… Вашето резонирање беше дека животната средина нема кај да бега, и кога тогаш, еден по еден локален проблем, конечно ќе ја средиме. Но во меѓувреме, ние, младите, го сфативме она што вие, навикнати на комфорот од благодетите на природата кој го имате целиот ваш живот, го превидовте. Сфативме дека одложувањето повеќе не е опција.

И тој момент, кога сфативме дека благодетите на природата не се ниту паднати од небо, ниту неисцрпни, беше моментот кога созреавме. Во тој блесок на свеста, сфативме дека нема вие да ни го обезбедите здравјето и долговечноста, туку за нив ќе мораме да се избориме самите. Катализатор на тој блесок, како монолитот во Кјубриковата Одисеја, беше појавувањето на Грета Тунберг, основачката на Fridays For Future. Кога една обична тинејџерка со Аспергеров синдром можеше да заклучи дека заканата од климатска катастрофа е надвисната на целиот човеков род, и да ја посвети својата младост на спречувањето на таа катастрофа, тогаш ние сфативме дека немаме оправдување да не погледнеме кон сопствениот микрокосмос, и да го зачистиме сопствениот двор во кој дузина различни екосистеми, од Југохром до Иловица, од Дрисла до Охрид, доживуваат распад.

Фото: ФБ Каков свет ќе ни оставите? Глобален климатски протест

Не можеме повеќе да ги третираме тие проблеми како поединечни и неповрзани. Тие се сите резултат на општата негрижа, недостаток на слух и стратегија. И тие сите се дел од единствениот проблем со животната средина во нашата држава. Исто како што нашата држава е дел од главниот проблем на планетата – климатските промени и уништувањето на природата. Проблемот е секоја капка која го покачува нивото на океанот. Но тоа е и решението. Тоа сме и ние. Капка по капка, стануваме океан кој ќе ја измие нечистотијата насобрана во оваа држава, и на оваа планета.

Почитувани еко-активисти и драги сограѓани, не ви веруваме повеќе дека ќе го решите овој проблем, но сега веќе не ни мораме. Сега ви е редот вие да ни верувате на нас и вие нас да не следите во нашата борба. Повеќе не сме само паметни на мама и тато. Сега сме мудри. Нашиот оправдан гнев нема да го насочиме кон вас, туку кон оние на кои им дозволивте да ја сотрат нашата потесна и поширока околина. Во стилот на нашите родители, би можеле да ви порачаме дека само сме разочарани, но ни за тоа немаме време, затоа што сме во трка да ја промениме судбината која несакајќи ни ја наменивте.

Нашите барања се едноставни: Крај на загадувањето по секоја цена, како најважна мисија на домашната политика, и придржување кон Парискиот договор, во надворешната. Без изговори и без компромиси. Нашата одисеја започнува сега, се до остварувањето на овие барања. Застанете со нас, за да не се претвори во голгота.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.