Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фридом Хаус: Медиумите во Македонија не се слободни

0
By Нова ТВ on April 27, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Позицијата на Македонија во однос на медиумските слободи падна од групата делумно слободни во не слободни по објавувањето на материјалите кои индицираат на опсежно и незаконско прислушување од страна на Владата на новинари, за корупциска поврзаност меѓу функционери и сопственици на медиуми и како резултат на зголемениот број закани и напади врз медиумските работници. Македонскиот медиумски пејсаж е длабоко поларизиран по политичка поделба. Присутна е автоцензурата кај новинарите, главно како резултат на притисокот од сопствениците на медиумите со конкретни бизнис или политички интереси и во поново време како резултат на следењето. Новинарите се слабо платени и се соочуваат со закани и со злоставување поради истражувачко или критичко известување. Ова е заклучокот во Извештајот за 2016 година на Фридом Хаус, за Македонија.

Клучен настан – прислушувањето

– Во февруари 2015, лидерот на опозицијата Зоран Заев ја обвини владата на премиерот Никола Груевски за спроведување опсежна операција на прислушување каде цел се и над 100 новинари, заедно со илјадници други лица.

– Заклучоците на истрагата поддржана од Европската комисија ги поткрепија тврдењата на Заев.

– Заев исто така откри серија снимени разговори кои сугерираат дека владини претставници имале улога во одлучувањето за она што ќе биде објавено во јавните и во некои привтни медиуми.

– Бројни новинари добиле закани или биле цел на физички напади во текот на годината.

fridom1

Во заклучоците, Фридом хаус наведува дека иако ситуацијата не е драматична како во случајот со Шарли Ебдо во Франција сепак, нападите врз новинарите во Западен Балкан придонеле кон вкупниот пад на медиумски слободи во Европа.

– Нападите и смртните закани во Македонија и Босна и Херцеговина исто така предизвикуваат загриженост со бројни случаи во кои цел се новинари кои истражуваат корупциски случаи во кои е инволвирана Владата, се вели во Извештајот на Фридом Хаус за 2016 година.

Македонија е единствената земја во регионот, заедно со Турција, која е во групата неслободни земји. Сите други се во групата делумно слободни.

Исто така Македонија е една од земјите кои во минатата година забележале најголеми падови. Меѓу нив се Турција, Бангладеш, Бурунди, Франција, Србија, Јемен, Египет и Зимбабве.

 

Извештај 2016 Фридом хаус
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.