Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал, ПМФЛ: „Академците“ на Пандев дебитираа со бод во елитата

0
By Нова ТВ on August 13, 2017 СПОРТ
Фото: fkakademijapandev.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Академија Пандев го освои премиерниот бод во прволигашката конкуренција. Струмичани одиграа 1:1 на гостувањето кај Шкупи на стартот на новата фудбалска сезона. Двата гола на Чаир беа постигнати во второто полувреме, поточно во завршните 15. минути. „Академците“ поведоа преку Љупче Дориев во 77 минута, чаирчани израмнија во 89. благодарение на Хусеин Демири.

Пелистер, на игралиштето во Могила, ја совлада Победа со 2:1 во првата пелагониска пресметка за оваа сезона. Иве Трифуновски во 24 минута и Лукас Фереира Кардосо во 70. погодија за битолчани, единствениот за прилепчани беше дело на Борче Маневски во 51 минута од пенал.

Честа на домашните екипи во трите неделни натпревари од првото коло ја одбрани Силекс. Кратовци триумфираа над тимот на Скопје, повратник во Прва лига, со 1:0 со погодокот на Маркос де Оливеира Жуниор во десеттата минута.

Вчера, во дербито на колото и воопшто на сезоната, Шкендија го порази Вардар со 2:0. Тетовските „црвено-црни“ ги задржаа трите бода во судирот со скопските со два погодока во период од само пет минути во средината на вториот дел. Арменд Алими го потпиша првиот во 61 минута, Жуниор му се придружи во листата на стрелци во 66.

Голови немаше само на мечот меѓу Работнички и Ренова.

Прва лига, 1 коло

Шкупи – Академија Пандев 1:1

Победа – Пелистер 1:2

Силекс – Скопје 1:0

Шкендија – Вардар 2:0

Работнички – Ренова 0:0

Идно коло (20 август, 2017 год.)

Шкупи – Шкендија

Пелистер – Работнички

Ренова – Силекс

Академија Пандев – Скопје

Вардар – Победа

Академија Пандев Прва лига Силекс фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.