Browsing: Прва лига

Тетовци го совладаа Работнички со 1:0 додека Вардар во истовреме ремизира против Шкупи (2:2) за математички крај на трката за шампионскиот трон на четири кола до крај на сезоната

Излез од резултатската криза не донесе ниту тренерската смена (Жикица Тасевски поднесе оставка, Баже Лазаревски го наследи) и по ремито (1:1) против Македонија Ѓ.П., дебармаалци ремизираа и со Беласица (1:1) во 26. коло во македонската фудбалска Прва лига

„Црвените“ од Градски парк загубија од вардарци со 0:2 во дербито на 24. коло во македонската Прва лига што е трет пораз во низа за нив, па одговорност понесе тренерот кој неотповикливо се повлече од кормилото.

Струмичките „академци“ го совладаа Силекс со 2:0 во натпревар од 23. коло во домашниот фудбалски шампионат и останаа на второто место на табелата меѓу тетовски и скопските „црвено-црни“. Минимални победи на Шкендија и на Вардар над Работнички, односно, Шкупи