Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фуере: Мислам дека изборите во Бугарија нема да донесат ништо ново – нема поента ЕУ да чека за да дејствува

0
By Нова ТВ on January 16, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот амбасадор на Европската унија во нашата земја, Ерван Фуере, ја повика Европската унија да се вклучи во решавање на македонско-бугарскиот спор, бидејќи во спротивно смета дека може да се заглавиме во оваа ситуација извесно време.

– Мислам дека изборите во Бугарија, за жал, нема да донесат ништо ново, па нема поента ЕУ да чека за да дејствува. Европските институции треба да бидат поинвентивни во пристапот. Имаат инструменти кои треба да ги користат, како медијација, со поголем фокус на изучување на историјата. Многу, многу инструменти кои можат да се искористат, а да не се блокира почетокот на преговорите, вели Фуере во интервју за телевизија Телма.

Владата на Северна Македонија, посочува тој, треба да продолжи со неопходните реформи кои се бараат, особено во делот на правосудството и борбата против корупцијата, бидејќи тоа е најдобриот аргумент за да покаже дека е подготвена за обврските од членството во ЕУ.

– Грижата е ако ЕУ не се вклучи, и ако притисокот од Бугарија е толку силен што Владата во Северна Македонија може да се чувствува обврзана да ги прифати позициите кои би можеле да бидат контрапродуктивни на долг рок, кои може да го свртат јавното мислење против неа. Ова ќе биде голема грешка за стабилноста на Западен Балкан бидејќи ќе воспостави многу опасен преседан за во иднина, изјави Фуере.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
ФОКУС

Дронови го затворија аеродромот во Минхен – откажани 17 летови

ВЕСТИ October 3, 2025

Летовите на аеродромот во Минхен беа откажани синоќа поради забележани дронови, соопштија рано утринава аеродромските…

Копенхаген: Европските лидери се „договорија“ за ништо

October 2, 2025

Париз: Синдикални протести низ цела Франција – се бараат и повисоки даноци за богатите

October 2, 2025

Лидерот на военото крило на Хамас во Газа Дин ал-Хадад го отфрлил планот на Трамп за прекин на војната во енклавата

October 2, 2025
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.