Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фуере: Не постои никаков договор за влада “победник со победник”

2
By Нова ТВ on March 31, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ирецот Ерван Фуере беше амбасадор и специјален претставник на ЕУ во Македонија, во периодот за кој се тврди дека е постигнат договор за формирање влада на победник со победник од двете најголеми етнички заедници.

Во овој разговор Фуере потсетува на периодот од 2005 година кога тој пристигна во Скопје до 2010 година кога заврши неговиот мандат.

Фуере: Груевски зборува дека влада на победник со победник е принцип наметнат од меѓународната заедница. Тоа едноставно не е точно. Принципот на победник со победник не постои во ниту еден официјален документ ниту пак во неформален документ. Единствениот принцип кој беше официјално прифатен е принципот на Бадинтер. Тоа е беше усвоено за да се гарантираат правата на малцинските заедници. Законите кои се однесуваат на малцинствата треба да бидат усвоени во Собранието со двојно мнозинство. Што значи мнозинство на сите пратеници плус мнозинството на пратениците од немнозинските етнички заедници – етнички Албанци, Турци, Власи, Срби итн.

Проблемот се јави по формирањето на владата во 2006 година, во време кога Груевски одби секаков разговор со Ахмети. Ние успеавме да го убедиме Ахмети да влезе во Собранието и да биде опозицијата. Груевски тогаш го манипулираше составот на Комисијата за меѓуетнички односи со тоа што еден од неговите пратеници ја смени етничката припадност од Македонка во Влаинка. За да се обезбеди двојно мнозинство.

Тоа за ДУИ беше тотално неприфатливо. И во јануари 2007 година тие одлучија да го напуштат Собранието бидејќи сметаа дека нивните основни права и предлози нема да бидат земени во предвид. Потоа во текот на 4 месеци имаше билатерални дискусии помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ кои беа олеснувани од мисиите на ЕУ и САД. Во тој контекст тие разговаат за еднаква застапеност, правата на малцинствата во однос на јазикот како и составот на владата и функционирањето на Бадинтеровиот принцип.

На крајот на овие 4 месеци беше постигнат договор од двете страни, без наметнување од меѓународната заедница бидејќи ние бевме само олеснувачи, договор во кој точката 5 вели (иако ВМРО-ДПМНЕ не признава дека тоа е договор): “По враќањето на ДУИ во Собранието, партиите се согласија за продолжување на работата на работните групи на избор на владата според Бадинтеров принцип”. Нема ништо таму за победник со победник.

Во 2008 година Груевски немаше алтернатива освен да го земе ДУИ поради тоа што тие имаа мнозинство гласови. Во првиот дел на изборите таа година имаше многу насилство како што знаете, еден човек беше убиен а многумина беа повредени. ДУИ и ДПА имаа по 13 пратеници секој од нив. По повторувањето на гласањето во 150 гласачки места, финалниот резулатат беше ДУИ со 18 пратеници а ДПА 11. Груевски немаше друга алтернатива освен да го земе ДУИ, тоа беше единствен начин да се почитува Бадинтер принципот.

Но тоа не беше поради принцип победник со победник туку затоа што Груевски немаше избор. Ако тој принцип постоеше во 2006 година тогаш Груевски ќе го земеше ДУИ а тој ја зеде ДПА. Со манипулирање на составот на Комисијата за меѓуетнички прашања, тој обезбеди Бадинтер принцип.

За жал, во тоа тврдење дека треба победник со победник е друго извртување на историјата ни на реалноста. Слично на тоа што ВМРО-ДПМНЕ го направи во 2009 година мислам или 2008 година, кога тврдеа дека поради владата на СДСМ Македонија не станала членка на ЕУ ви 1995 година. И тоа е уште еден фрагмент на имагинацијата на ВМРО-ДПМНЕ. Во 1995 година не стануваше збор членство во ЕУ на ниту една балканска држава. Освен преговорите со Бугарија и Романија и во 1998 година со Словенија. Македонија не беше во таа група. Жално е што Груевски повторно ги манипулира реалноста и вистината и историјата како што му одговара за личната и партиска агенда.

НОВА: Вие бевте во Македонија кога беше усвоен законот за јазиците во 2008 година. Што се случуваше тогаш?

Фуере: И покрај тоа што законот се усвои имаше многу тешкотии за немнозинските заедници да ги остварат своите права. Се сеќавате на големата дебата за буџетот за институциите кои беа креирани за примена на овој закон. Извештајот на Европската комисија редовно го подвлекуваше фактот што овие органи немаат доволно средства човечки и финансиски за да го применат законот.

Тука беше и уште една дебата кога се направи музејот на Мајка Тереза во 2010 година мислам. Владата не сакаше на таблата пред музејот да пишува и на албански јазик. Иако знаеме дека Мајка Тереза беше етничка Албанка. По многу дискусии владата прифати и албански но со уште 9 други јазици.

За жал тоа е уште еден пример во кој се гледа дека владата, и покрај тоа што постојат закони, прави се за да ги намали правата на малцинствата како албанското. Слично е и во областа на образованието. Продолжува трендот на сегрегација во образованието и покрај тоа што во 2010 година беше усвоен интергиран образовен систем со помош на ОБСЕ. Но тоа не применето како што треба.

НОВА: Извештаите на ЕК редовно бараат преглед на Охридскиот договор. Што тоа точно значи?

Фуере: Тоа значи дека треба да се гарантира дека се што е во Охридскиот договор се примени на вистински начин. На почетокот на 2006 година, за време на СДСМ-ДУИ владата, сите промени во Уставот што ги бараше Охридскиот договор, беа усвоени. Тоа беше голем чекор за Македонија и поради сета таа напорна работа Македонија доби статус на земја кандидат во 2005 година. Тоа беше признание за владата за целосно почитување на мултиетничкиот карактер на Македонија.

Со владата на ВМРО-ДПМНЕ секогаш имало обиди да се намали, редуцира, успорување… на сите обврски што ги бара договорот од Охрид. Во областа на јазикот, образованието но и во областа на правична распределба на финансии за општините. Во извештајот на ЕК секоја година се критикува владата поради тоа што не го почитува овој закон за правична распределба на финансиите за развој на општините. И секогаш албанската заедница е дискриминирана.

Друг пример е кога ВМРО-ДПМНЕ владата се обиде да усвои закон со кој се финансиско охрабрување трето дете. Но тоа беше наменето само за македонското мнозинство. Но, Уставниот суд го прогласи овој закон за неуставен.

Тоа е уште еден пример за анти-албанскиот менталитет кој се уште постои во оваа партија и тоа е навистина жално. Сите признаваат дека мулти-етничкиот карактер на Македонија е нејзиниот вистински адут.

Охридскиот договор беше виден насекаде како вистински пример како различни заедници можат да живеат заедно. Но тоа мора да биде врз основа на почит и прифаќање и примена на обврски, нивниот дух и словото. Тука владата на ВМРО-ДПМНЕ секогаш потфрлувала.

 

ВМРО ДМПМНЕ ДУИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

ВЕСТИ September 16, 2025

Првото обвинение се оценува веќе четири месеци во скопскиот Кривичен суд, со образложение дека станува…

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.