Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Г.Г.Стефан им додели медали на 15 истакнати личности

0
By Нова ТВ on June 4, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По повод јубилејот 45 години од возобновувањето на Македонската православна црква, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан денеска на 15 истакнати стопанственици и личности од науката им додели Столен медал од редот на Светиот македонски крст.

Меѓу добитниците се главниот извршен директор на „Аџибадем Систина“ – Скопје, Јордан Камчев, директор на „Реплек“ – Скопје, Душан Туџаров, генерален директор на „Витаминка“ – Прилеп, Симон Наумоски, заменик-генерален директор на рудникот „Бучим“ – Радовиш, Николајчо Николов, генерален директор на „Македонија турист“ – Скопје, Доне Таневски, генерален директор на „ИГМ Трејд“ – Кавадарци, Илија Гечев, генерален директор на „Брилијант“ – Штип, Мите Николов, членот на Управниот одбор на Комерцијална банка АД – Скопје, Илија Илоски, сопственикот на „Пелистерка“ АД – Скопје, Цветан Панделески, академиците Владо Камбовски, Таки Фити, Катица Ќулавкова и Митко Маџунков, ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, Златко Жоглев и професорот во пензија на Правниот Факултет во Скопје, Стефан Георгиевски.

„Ова признание колку што им припаѓа на денешните добитници им припаѓа и на многу други затоа што споменот од возобновувањето на црквата се негува, се чува и се живее заедно со сиот народ“, ја пренесува Утрински весник изјавата на г.г. Стефан на доделувањето на медалите, кој потсети дека оваа година светот одбележува 1.700 години од христијанството.

(фотографијата е преземена од Утрински весник)

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.