Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Г.Г. Стефан за „Политика“: Нашата црква е и Македонска и Охридска-„грчкиот блок цркви“ нема да го тераме да не нарекува со име што не го сакаат

0
By Mirjana on July 25, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ја користам оваа можност да се заблагодарам за сета помош и поддршка на српската држава на македонската, за подадената рака во овие времиња полни со искушенија, започнува интервјуто на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Стефан за белградскиот весник „Политика“, во кое говори за заедничките литургии со Српската православна црква (СПЦ) во Белград и Скопје, воспоставувањето на евхаристичко единство и признавањето од СПЦ, значењето од помирувањето на двете сестрински цркви и перспективите на „двата братски народи“.

„Препознавањето на непобитниот факт за стварноста на македонската црковна самостојност, е од големо значење и за нас, а уверен сум и воопшто, за сесветското православие. За нашата ерархија и верен народ, неможноста евхаристички да заедничариме со нашите едноверни браќа и сестри од останатите помесни православни Цркви претставуваше отворена рана. Решавањето на нашиот канонски статус, еве, неа ја залечи!, вели архиепископот Стефан.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, во ова прво интервју на еден поглавар на МПЦ-ОА за српски медиум, г.г. Стефан нагласува дека сега се отвора можност за проширување на многуобразна соработка на нашата со останатите помесни цркви и оти сето тоа ќе даде голем плод.

„Можеби нашето признавање на прв поглед нема да смени многу нешта во нашата Црква, зашто таа и досега внатрешно функционираше како и секоја друга помесна Црква, исповедајќи ја истата света вера во воплотениот и воскреснатиот Богочовек Христос, го имаше истиот богослужбен живот, принесувајќи го истиот евхаристиски принос. Меѓутоа, сосема е природно дека многу нешта ќе се подобрат поради обновата на нашето заедничарење со сеправославната екумена. Секоја средба облагородува и обогатува, а особено тоа го чинат заедничкото литургиско благодарење, заедничката молитва и меѓусебните разговори со собраќата од другите помесни Цркви, додава г.г. Стефан.

Според него, признавањето на МПЦ-ОА ќе им биде од полза и на сите православни цркви, затоа што „знаеме дека и македонско православие и Македонија воопшто имаат што да му покажат на православниот свет“.

„Заради стигмата на одвоеноста, бројни богобаратели од целиот свет биле обесхрабрувани да ја посетуваат Македонија. Отсега тоа ќе се менува и во годините пред нас мнозина ќе добијат можност да го видат нашето духовно богатство, нашите древни цркви и манастири, фрески и икони, да ја видат красотата на нашето помесно православие, да ја видат Македонија и да се уверат дека нашиот народ пулсира со ритамот на православието и дека македонската земја слободно може да се нарече земја црква и земја на крстот, потенцира архиепископот Стефан.

Во врска со преговорите со СПЦ, тој посочи дека последните години на писмата на МПЦ-ОА до црковен Белград, како да не им се давало потребното значење, поради што нашата Црква прибегнала со барање за посредување до вселенскиот патријарх Вартоломеј, што „имаше огромна улога во нашето конечно седнување на иста маса со СПЦ за разрешување на нашиот проблем“.

„Со изборот за поглавар на СПЦ на патријархот Порфириј и со помошта од Синодот и од Соборот на СПЦ, се отвори нова страница во односите на нашите две цркви, за што сме неизмерно благодарни, додава поглаварот на МПЦ-ОА.

На прашањето дали политичарите помагале и одмагале на патот за автокефалност на МПЦ-ОА, архиепископот Стефан вели дека добронамерност имало кај многумина.

„Ним Бог тоа секако ќе им го смета за праведно и добронамерно помагање на едно богоугодно дело, дело за доброто на двата братски народи, заклучува г.г. Стефан.

Осврнувајќи се на посетата на српскиот патријарх Порфириј на Охрид, архиепископот Стефан вели дека сигурен оти таа била плодотворна за него и неговите придружници, „како што беше голема и искрена и нашата радост и радоста на верниот народ на Охрид и Струга, кој во огромен број го пречекаа“.

Во врска со очекувањата на томосот од вселенскиот патријарх Вартоломеј, архиепископот Стефан потенцира дека „го молиме милостивиот Бог да ни дарува само уште малку трпение“.

„Да, вселенскиот патријарх ја прими МПЦ-ОА во канонско единство со сеправославната екумена. Со неколкумина македонски архиереи веќе бевме и во Константинопол и сослужувавме Божествена литургија со патријархот Вартоломеј и тоа на роденденот на Црквата – празникот на Светата Педесетница. Не знам кога би можеле да го очекуваме официјалниот документ за впишување на нашата помесна Црква во Диптихот на автокефалните Цркви. Но сега, откако ја имавме можноста да поминеме неколку дена во придружба на константинополскиот патријарх и да го видиме неговото црквољубие и искрената желба да ни помогне, уверени сме дека тоа ќе стане во догледна иднина. Го молиме милостивиот Бог да ни дарува само уште малку трпение, изјави архиепископот Стефан.

На прашањето на „Политика“ за името на МПЦ-ОА, тој вели дека „нашата Црква, колку што е Македонска, толку е и Охридска црква“.

„Свесни сме за сензибилноста на прашањето за нашето име кај т.н. „грчки блок на цркви“. Затоа, ние од нив нема да бараме да нè нарекуваат со име кое тие не го сакаат. Бидејќи сме наследници на славната Охридска Архиепископија, ословувањето со тоа име од нивна страна не ни претставува проблем. Меѓутоа, од друга страна, уверен сум дека и браќата архиереи и воопшто верниот народ од хеленофонскиот православен свет ќе сфатат дека самите ние не можеме да се нарекуваме никако поинаку освен Македонци, односно дека нашата Црква, за нас, е и Македонска и Охридска. Зашто, колку што е таа Македонска, толку е и Охридска црква. Веројатно ќе има тука работи што ќе треба да се решаваат, но верата и љубовта можат и планини да преместуваат. Следствено, ако обете страни покажеме дека делуваме преку љубовта Христова, лесно ќе се најде договор меѓу грчките цркви и нашата Македонска црква, изјави г.г. Стефан.

Според него, дијалогот е од насушно значење во Црквата, бидејќи Православието е соборна вера, којашто отсекогаш била утврдувана на вселенски, регионални и помесни собори.

„Без дијалог нема соборност, а без соборност нема Црква! Еве, тоа се покажа и во случајот со признавањето на нашата автокефалија, изјави за „Политика“ архиепископот Стефан.

Г.Г. СТЕФАН ЗА ПОЛИТИКА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.