„Снимките докажуваат дека бев во мантија и не носев патики но нејсе, облеката не го прави човекот, туку обратно, важна е личноста и вербата во Бога“, вели владиката Пимен.
Како што потврди за НОВА, таму отишол од радозналост – се уверив на терен дека тие што беа таму не беа собрани спонтано да ја бранат црквата која е во изградба. Значи, ставот го градам на терен меѓу луѓето, а не во канцеларија, рече владиката Пимен, за кој предходно владиката Агатангел рече дека таму дошол во патики и без мантија за да не го познаат.