На наредната седница на Советот, советничката група на Сојузот за иднината ќе покрене иницијатива за намалување на цената на водата, за граѓаните и за стопанските субјекти на Скопје, изјави советник на СДСМ во Град Скопје, Драги Давчевски.
– Граѓаните на Скопје не заслужуваат да плаќаат поголема цена на водата во услови кога Јавното претпријатие финансира милионски проекти кои не се негова обврска. Куповна моќ на граѓаните на Скопје е намалена како последица на тотално погрешната и неодговорна економска политика на Власта.
– И покрај поразителни проценти на наплата и губитоци, на јавното претпријатие му остануваат пари кои расипнички се трошат. На пример, само Барокната управна зграда во застој, граѓаните досега ги чини 10 тешки милиони евра.
– На овој начин оштетени се токму оние 63% граѓани кои одговорно и ревносно си ги исполнуваат обврските т.е. си ги подмируваат сметките. Сакаме да им олесниме на сите граѓани на Скопје а токму тие кои редовно си ги плаќаат сметките да ги заштитиме и да не дозволиме да бидат ограбувани, рече Давчевски.
Пресметките покажуваат дека токму од нив се наплаќа околу 35-38%. Само губитоците да се спречат ете ги 40%. Значи реално може да се очекува дека намалувањето на цената на водата може да биде околу 30%.




