По интервјуата спроведени со кандидатите од Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права, Одборот при избор за судија, по состаноците одржани на 29 и 30.септември со кандидатите, смета дека уставната судијка Наташа Габер-Дамјановска е најквалификуваниот македонски кандидат за судија во ЕСЧП.
Во извештајот, во однос на Македонија се вели дека кандидатите биле интервјуирани на 30.септември а „Одборот препорачува, со тесно мнозинство дека, Наташа Габер-Дамјановска е најквалификуваниот кандидат, пред Јован Илиевски“.
Тројцата кандидати кои македонското МНР ги предложи за да ја заменат Мирјана Лазарова-Трајковска, чиј мандат истекува во јануари, се уставната судијка Габер-Дамјановска, обвинителот за организиран криминал и корупција Јован Илиевски и амбасадорот на Македонија во Ватикан, Звонимир Јанкуловски.