Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Габер,Дарлишта и Мурати: Уставот не предвидува одложено распуштање на Собранието

0
By Нова ТВ on March 17, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 17, 2016 17:56

По одлуката на Уставниот суд со мнозинство гласови да ја отфрли Иницијативата на пратеникот Павле Трајанов и претседател на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров кои побараа мислење од Судот дали беше уставна првичната одлука на Собранието да изгласа распуштање со одложено дејство, со издвоено мислење реагираат уставните судии Наташа Габер-Дамјановска, Сали Мурати и Исмаил Дарлишта.

Владејачкото мнозинство, во отсуство на СДСМ на експресно закажана седница на 18.
јануари доцна вечерта изгласа самораспуштање на Парламентот со одложено дејство, односно од 24. февруари. На ваквата одлука до Уставниот суд Трајанов вели дека реагирал, бидејќи гласањето со одложено дејство е преседан, односно ако се гласа за распуштање на Парламент, тоа мора да се случи веднаш, а судот ја отфрли неговата Иницијатива.

Откако Уставниот суд ја отфрли ваквата иницијатива бидејќи, според мнозинството судии тие не можеле да одлучуваат за акти, туку само за закони.

Во издвоеното мислење судиите Наташа Габер-Дамјановска и Сали Мурати пишуваат дека оспорената Одлука можела да биде предмет на уставносудска оценка и тоа по повеќе основи, повикувајќи се на членовите во Уставот на Република Македонија.

Според Габер и Мурати, за ваквиот тип на одлуки (акти) како што е оспорената, Судот е тој кој одлучува кој акт ќе го третира како пропис и со тоа би бил подобен за уставносудска оцена.

„Сметаме дека оспорената Одлука има универзално дејство (својство) со оглед на тоа што практично се однесува на сите граѓани на Република Македонија кои на општи и непосредни избори го даваат својот глас за пратениците во Собранието, односно ним им го пренесуваат мандатот но и суверенитетот (овластувањето) за Собранието да решава, односно одлучува во нивно име.

Одлуките кои практично се однесуваат и ги инволвираат и гласачите (односно и нивното идно учество на избори преку универзалното право на глас), по својата суштина не се однесуваат на Собранието самото за себе и на своето интерно работење, туку иницираат цела серија на правни дејствија и импликации, кои се однесуваат како на сопствениот пратенички мандат и легитимитет, така и на власта (Владата) и со тоа универзално на сите граѓани.

При спротивно толкување, не би постоела друга системска можност Собранието да биде контролирано од аспект на вршењето на својата функција во согласност со Уставот, што би значело дека постои сериозна правна празнина при функционирањето на контролните механизми меѓу трите столба на државната власт, а која би можела да генерира самоволие.“ пишува во издвоеното мислење на Габер и Мурати.

И двајцата уставни судии сметаат дека со самата одлука за распуштање на Собранието направено е дополнително „креативно“ нормирање на уставните одредби кои се однесуваат на распуштањето на Собранието кои воопшто како такви не се предвидени во Уставот.

„Оспорената Одлука во член 1 регулира дека Собранието на Република Македонија се распушта. Но, по стриктноста на уредувањето содржано во овој член, Собранието во член 2 продолжува освен со понатамошно уредување на денот кога Одлуката влегува во сила (со денот на објавување во „Службен весник на Република Македонија“) и со определување дека таа ќе се применува од 24 февруари 2016 година (Одлуката за изменување на Одлуката како датум на нејзина примена го наведува 7 април 2016 година).

Од самата содржина на Одлуката е евидентно дека со неа се врши дополнително регулирање надвор од Уставот, всушност “креативно“ дополнително нормирање на уставните одредби кои се однесуваат на распуштањето на Собранието кои воопшто како такви не се предвидени во Уставот.

Ова претставува основната причина зошто ваквиот преседан ни најмалку не ја исклучува надлежноста на Уставниот суд да навлезе мериторно во оспорениот акт, особено во делот кој евидентно се разликува од она што Уставот јасно го нормира“ се вели во издвоеното мислење.

Судиите се повикуваат и на научното толкување на Уставот од страна на универзитетскиот професор Светомир Шќариќ, кој вели: Собранието е правен суверен, а граѓаните политички суверен. Уставот целосно ја уредува положбата и надлежноста на Собранието и не дозволува тие прашања да бидат уредувани со закон. Собранието е уставна, а не законска материја.

Според нив, тоа значи дека самото Собрание не може да ја проширува неуставно својата надлежност и да одлучува на поинаков начин односно надвор од она што е регулирано во самиот Устав по однос на неговото распуштање и работа.

И во издвоеното мислење на уставниот судија Исмаил Дарлишта стои дека ставот на Уставниот суд дека одлуката не претставува пропис по својата содржина е погрешен и неоснован.

„Сметам дека оспорената Одлука може да биде предмет на уставно судска оценка и тоа по повеќе основи, повикувајќи се на членовите во Уставот на Република Македонија наведени во иницијативите: член 8 став 1 алинеја 1 и 3, член 63 став 3 и 6 и член 51.

Ваквиот тип на одлуки како што е оспорената може да се третира како пропис бидејќи таа има универзално дејство и посредно се однесува на сите граѓани кои на непосредни избори го даваат својот глас за одреден пратеник на Собранието, односно ним им го пренесуваат мандатот, но и суверенитетот за Собранието да решава, односно одлучува во нивно име, поради што ценам дека оспорената одлука е подобна за уставно судска оцена.“ смета Дарлишта.

Според него, со Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија се повредуваат основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати во меѓународното право и утврдени со Уставот, кои се темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија како и принципот на владеење на правото.

„Уставот не предвидува одложено дејство на одлуката за распуштање на Собранието, туку со важност на денот на нејзиното донесување.

Уставот на Република Македонија има отсуство на конкретна регулатива за ваков случај.

Непокриеноста на прашањето со конкретна регулатива не може да се толкува дека ваквото решение е допуштено односно дозволено.

Член 63 став 3 од Уставот на Република Македонија е многу јасен и прецизен бидејќи утврдува точен датум при одржување на вонредни парламентарни избори, кои не трпат одлагање или поставување на дополнителни рокови.

Со член 63 став 4 од Уставот е предвиден исклучокот дека мандатот на пратениците во Собранието може да се продолжи само во случај на воена или вонредна состојба.

Оттука ценам дека со распуштање на Собранието мандатот на пратениците не може да се продолжи, ниту можат да продолжат со должноста.

Сметам дека оспорената Одлука не е во согласност со Уставот на Република Македонија по однос на уставните одредби на кои се повикуваат подносителите на иницијативата од причини што Уставот на Република Македонија не познава одложено дејство на распуштање на Собранието во кој меѓу период тоа би работело со полн капацитет.

Ценам дека со ова се повредуваат темелните вредности на уставниот поредок, а со тоа и Уставот на Република Македонија, особено член 8 алинеи 3, 4 и 5, член 51 и 63 од Уставот на Република Македонија. Поради сето горенаведено сметам дека Уставниот суд треба да поведе постапка за оценување на уставноста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија и да донесе одлука за укинување на истата.“ пишува Дарлишта.

Од девет суди на Уставниот судии, четворица гласаа „за“ да се прифати Иницијативата, но мнозинството судии ја отфрлија Иницијативата.

И покрај првичното гласање во Парламентот тој да се распушти со одложено дејство, подоцна пратенциите ја преиначија одлуката.

По предлог на владејачката партија, Собранието повторно донесе одлука да се распушти на 7. април, односно 60 дена пред избори, со што практично пратениците изгласаа за дефиниран датум на избори, кои би се случиле на 5. јуни – без согласност од сите политички партии, биејќи СДСМ не гласаше.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

ВЕСТИ June 6, 2026

Фестивалот „Војдан Чернодрински“ е симбол на творечка енергија, уметничка храброст и ненаситна љубопитност за нови…

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

June 5, 2026

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

June 5, 2026

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

June 4, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.