Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ГАЛЕРИЈА) Премиерот Заев ја прими Меѓународната награда за мир на Вестфалија: Наградата е признание, но и обврска за сите наши идни политички одлуки

0
By НОВА ТВ on August 28, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На свечена церемонија во Мунстер, Сојузна Република Германија, денеска на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и на поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас, им беше врачена Меѓународната награда за мир на Вестфалија која се доделува за значаен придонес за европската интеграција и мирот во Европа.

Меѓународната награда за мир на Вестфалија им оддава почит на личности или претставници на држави и групи кои се особено посветени на европската интеграција и мирот во Европа, а обраќањето на премиерот Заев на церемонијата на доделувањето на наградата Ви го пренесуваме во целост:

„Огромна чест и привилегија е да ја добијам Меѓународна награда за мир на Вестфалија за 2020 година.

Голема чест е што моето, и името на мојот пријател Алексис Ципрас, ќе бидат додадени на долгата листа на добитници на оваа награда, заедно со познати имиња како што се Вацлав Хавел, Хелмут Кол, Валери Жискар Дестен, Кофи Анан, Хелмут Шмит, екипажите на Меѓународната вселенска станица, трите балтички држави Латвија, Естонија, и Литванија и други.

Бидејќи меѓународната награда за мир на Вестфалија им оддава почит на личности или претставници на држави и групи кои се особено посветени на европската интеграција и мирот во Европа, сакам со сите вас да ја споделам приказната за две земји посветени на Европа и на мирот.

Во еден од најубавите пејзажи во Европа, во недопрената природа на Преспанското Езеро, каде што се среќаваат границите на Северна Македонија, Албанија и Грција, на 17 јуни 2018 година, го потпишавме историскиот – Преспански договор.

Ако Договорот од Вестфалија од 1648 година беше пресвртница , бидејќи со него се развива капацитетот на Европа да се живее со верските различности, Договорот за Преспа е пресвртница за нашиот регион.

Всушност, дури и првиот член на Вестфалскиот договор не зборува буквално за мир, туку за пријателство – „вистинско и искрено пријателство“ помеѓу неговите потписници. Тоа е и суштината на Договорот од Преспа – пријателството!

Со овој договор, ставивме крај на спорот и долготрајната разлика што крена ѕидови, што ги отежна соседските односи меѓу Северна Македонија и Грција.

Прашањето беше отворено три децении. Поминавме три децении несигурност за нашата иднина. Три децении сериозна грижа за несакани последици. Три децении блокирани перспективи кои се од клучен стратешки интерес за нашата земја, за регионот и евроатлантските структури.

Иднината беше идеја водилка во текот на целиот процес.

Двете страни го прифатија компромисот како пријателство и грижа за интересите на вашиот политички партнер од другата страна, како и за вашите сопствени интереси.

Тоа пријателство беше важно за да се создаде атмосфера во која отворено разговаравме за сите прашања, дури и кога се чинеше дека нема решение.

Во текот на целиот процес, ние инсистиравме дека не зборуваме за црвени линии. Си кажавме дека црвените линии се ограничувачки.

Црвените линии ве ставаат во кутија. Рековме – ние нема да го ставиме процесот во кутијата.

Тоа е начинот на кој работат пријателите. Фокусирани на решенија. Градење мостови, а не ѕидови!

Што се предизвиците ако не и шанса за решенија! Ако не ги гледате предизвиците како можности за креативни решенија, како чекори кон остварување на нашата визија.

Затоа Алексис и јас избравме да најдеме решение без одложување. Кој е доблесен? Оној што едноставно го продолжува проблемот, или оној што прифаќа да го реши истиот?

И јас и Алексис сме целосно свесни дека ја ставивме нашата политичка кариера во ризик.

Оваа цврста определба, подготвеноста да ги жртвуваме сопствените политички кариери во име на иднината не поврза и не водеше низ процесот.

Кога ќе видите од другата страна на масата за преговори личност која е фокусирана на решенија, личност со која ги делите истите политички вредности, тогаш ги имате сите потребни состојки за пријателски односи и атмосфера за да постигнете взаемно прифатливо решение за проблемот.

Уште поважно, овој вид на поврзаност мотивира, се претвора во пријателство. И двајцата го вградивме ова пријателство во темелите на новиот однос помеѓу нашите земји. Тоа е најскапоцената придобивка.

Избравме да оставиме решенија како траги зад нас. Решенија за нашите граѓани и за нашите општества. Пример за лидерство на Европа!

Дојдовме до решение кога сите тврдеа дека е невозможно!

Оваа година Северна Македонија слави 30 години од својата независност и јас сум среќен да кажам дека во нашата триесетта годишнина, ние сме триесеттата  членка на НАТО.

Тоа беше можно поради Договорот од Преспа.

Почестен сум и што имав можност да го исполнам сонот на многу генерации граѓани на Северна Македонија.

Членството во НАТО беше остварување на нашата стратешка цел и е меѓу нашите најголеми достигнувања во надворешната политика. Членството во НАТО е одраз на нашиот суверен избор и сведоштво за нашата силна политичка и општествена цел да бидеме целосно интегрирани во евроатлантското семејство на нации.

Денес, Северна Македонија ја подобри безбедноста и стабилноста а следствено стабилноста и безбедноста на регионот на Западен Балкан. Ние сме посветени на визијата за Балканот во 21 век, како регион на мир, стабилност и зголемена регионална соработка за економска корист и просперитет на сите граѓани.

Нашата втора стратешка цел е полноправно членство во Европската унија.

Ние веруваме дека за Северна Македонија не постои алтернатива за интеграција во ЕУ и ние сме се уште сме на пат кон ЕУ!

Евроатлантската иднина е поттик за економски раст: стимул за инвестиции, повеќе трговија, пристап до единствениот пазар на ЕУ, зголемена мобилност на луѓе, стоки и капитал, пониски кредитни стапки. Тоа ќе ни помогне да создадеме повеќе работни места и да спречиме одлив на мозоци а со тоа и ќе ги задржиме младите дома.

Добрососедските односи и регионалната соработка остануваат наш заеднички приоритет и стратешка цел и продолжуваме да работиме кон остварување на нашите амбиции за интеграција во ЕУ.

Ние сме посветени на визијата за Балканот во 21 век, како регион на мир, стабилност и зголемена регионална соработка за економска корист и просперитет на сите граѓани.

Сега е време да се обединиме околу фактот дека историјата е важен дел од нашите идентитети, но визијата за иднината има посебно место во нашите срца.

Конечно, уште еднаш ја искажувам својата длабока благодарност за Меѓународната награда за мир на Вестфалија.

Оваа награда е истовремено признание, но и обврска за сите наши идни политички одлуки да бидат посветени на европските вредности и мир што немаат алтернатива“.

Алексис Ципрас Зоран Заев Награда за мир на Вестфалија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
ФОКУС

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

ВЕСТИ September 25, 2025

Од утре стапуваат на сила нови измени во Законот за безбедност во сообраќајот кои предвидуваат…

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.