Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Галевски како портпарол на Дедо Мраз: Една млада генерација на автори и авторки потврдија дека се талентирани и дека се блиску до зрелоста за правење филмови

0
By Ана Василевска on December 29, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
Влатко Галевски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Би ја оценил 2023 и претходната како можне успешни во полето на македонската продукција. Да ги ставиме настрана финансиите. Она што е произведено е прилично солидно. Тоа покажа дека добар дел од филмовите се присутни на светските филмски фестивали, наградувани. Тоа е за почит. Една млада генерација на автори и авторки, што е многу битно, потврдија дека се талентирани и дека се блиску до зрелоста за правење филмови“ рече портпаролот на Дедо Мраз Влатко Галевски во утринска програма на Слободен Печат.

Тој дополни дека нема да зборува за исклучоци како што се „Медена земја“, режисерот Столевски кој направил три извонредни филмови. Тој го спомена и Манчевски тој твори на свој начин, во кој некои се сомневаат меѓу кои и самиот Галевски.

„Генерално е добра ситуацијата, перспективите за 2024. Знам дека има неколку проекти кои седат во Агенција за филм во почетоци на снимање, финансиите се проблем, но оптимист сум дека од тоа нешто ќе биде сосема добро“, посочи Галевски.

Тој дополни дека отвореноста кон светот, кон филмска индустрија и уметност надвор од Македонија си го прават своето.

„Добро знаеш дека во Македонија денеска не се прави добар филм ако немаш копродуценти. Заедничко работење на филм овозможува многу повеќе влијание на квалитетни учесници во филмот. Затоа копродукциите се успешни воглавно. Нивото на квалитетот на филмовите го одредуваат повеќе фактори, не само авторот или режисерот, не самобендисаноста и суетата. Филмот е компликувана уметност и занает, треба да се работи со консултации“, заклучи Галевски.

Агенција за филм на РСМ Македонски филмови филм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.