Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Галовеј: Очекуваме Европскиот совет во октомври да одреди датум за преговори

0
By Нова ТВ on August 24, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 24, 2019 09:53

Велика Британија ја поддржува евроатлантската интеграција на Северна Македонија и се надева дека Европскиот совет на самитот во октомври на земјата ќе и даде датумот за почеток на преговорите за членство во ЕУ, вели британската амбасадорка во Скопје, Рејчел Галовеј во интервју за МИА.

-Ја поддржуваме евроатлантската интеграција на Северна Македонија и се надеваме дека датумот ќе се објави на октомврискиот Европски совет.Северна Македонија покажа лидерство и храброст во пристапот кон проблемот со името и постигна значаен напредок со бројни реформи. Општиот правец е позитивен, но за вистински промени треба време и постојани напори од сите учесници во општеството. Процесот на влегување во ЕУ треба да ги засили овие реформи, вели британската амбасадорка.

Галовеј во интервјуто говори и за значењето на владеењето на правото и потребите од реформи во правосудството и усвојувањето на нов закон за Јавно обвинителство од аспект на евроатлантските интеграции, за случајот „Рекет“, за позициите на Лондон кон Западниот Балкан и за статусот на македонските граѓани што живеат во Велика Британија по Брегзит.

-Политичките партии мора да го стават интересот на земјата пред сè. Реформите во обвинителството се дел од пошироките реформи поврзани со владеењето на правото коишто се приоритетни за ЕУ, за НАТО и за граѓаните на Северна Македонија. Ефективноста и интегритетот на целокупното правосудство е предуслов за национална стабилност и просперитет. Советот на ЕУ отсекогаш бил јасен дека треба да се утврди правна одговорност за сторените противзаконски дејства за кои јавноста дозна од прислушуваните разговори од 2015 година, вели Галовеј одговарајќи на прашањето што ако законот за ЈО не биде донесен.

По откривањето на случајот „Рекет“, Галовеј упати порака дека зацврстувањето на владеењето на правото е од витално значење за земјата и можност за независните институции да покажат посветеност на правдата за сите граѓани. На прашањето тоа значи дека случајот „Рекет“ станува, на некој начин, неформален услов за датум за преговори, британската амбасадорка вели дека „квалитетните законски рамки се важни, но владеењето на правото се заснова на нивната примена“.

-Случајот „Рекет“ е можност да се покаже делотворно, навремено и неселективно спроведување на законите. Најважно е граѓаните да видат дека владеењето на правото подеднакво важи за сите, вели таа.

За тоа како излегувањето на Обединетото Кралство од ЕУ ќе се одрази на односите на Велика Британија со земјите од Западен Балкан, особено со нашата земја, Галовеј вели дека Обединетото Кралство и по Брегзит ќе биде истата држава којашто беше досега: стабилна, отворена и праведна.

-Обединетото Кралство ќе остане поврзана со Северна Македонија и поширокиот балкански регион. Јасно е дека Западниот Балкан му е важен на Обединетото Кралство, како што покажавме со нашата четирикратно зголемена програмска поддршка, поброен кадар, како и со посетата на поранешната премиерка Тереза Меј во Скопје и посетата на министерот за надворешни работи Никола Димитров во Обединетото Кралство пред еден месец. Верувам дека нашите и онака цврсти билатерални односи ќе продолжат да се продлабочуваат и во иднина, вели Галовеј.

Конкретно за правата на македонските државјани што живеат во Обединетото Кралство, амбасадорката Галовеј вели дека „малку е веројатно дека статусот на македонските граѓани што живеат во Обединетото Кралство ќе се промени“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.