Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Галуп: 49 % од анкетираните во С. Македонија сметаат дека изборите се слободни и фер, во светот 53 отсто

0
By Нова ТВ on February 22, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 22, 2021 15:46

Слободни и фер избори, од една страна, и управување според волјата на народот – од друга страна, се предуслови за силна демократија, но, само 37 проценти од граѓаните кои живеат во демократските земји се согласуваат дека овие два предуслова се исполнети во нивните земји, една третина (33 проценти) од анкетираните изјавуваат дека ниту еден предуслов од овие два не се исполнети, а 23 проценти веруваат дека само еден од нив е исполнет во нивната земја.

Ова се дел од резултатите на најновото глобално истражување Гласот на народот (VOP), спроведено од Gallup International Association (Галуп Интернејшенел) кое седум децении ја следи перцепцијата на луѓето во однос на управувањето и правичноста на изборите. Со истражувањето се опфатени 44 земји низ светот и околу 42.000 возрасни граѓани, на национално репрезентативен примерок со околу 1.000 мажи и жени кои биле интервјуирани во текот на октомври – декември 2020 година, (лице в лице, преку телефон или преку Интернет“. Маргината на грешка за истражувањето е помеѓу + 3-5 проценти на ниво на доверба од 95 проценти. Во РС Македонија истражувањето го спроведе БРИМА со телефонска анкета со национално репрезентативен примерок од 500 испитаници.

На прашањето дали државите се управувани според волјата на својот народ, 46 проценти од светската популација се согласува дека нивната земја е управувана од волјата на луѓето, во исто време скоро еднаков е уделот на оние што не се согласуваат.

Најмногу позитивни одговори се забележани во Азербејџан (84%), Индија (83%) и Гана (81%). Најмалку задоволни со демократијата во нивните земји се земјите на Источна Европа, Латинска Америка и Русија – околу една третина позитивни одговори. И тоа Босна и Херцеговина (8%), Бугарија (19%) и Колумбија (22%)

Од анкетираните граѓани во РС Македонија на прашањето „дали нашата земја е водена според волјата на народот” 29 проценти рекле дека се согласуваат со ова тврдење, а 70 проценти изјавиле дека не се согласуваат.

Во однос на прашањето дали изборите се слободни и фер, 53 проценти од луѓето ширум светот ги сметаат изборите во нивната земја за слободни и фер, а 42 проценти имаат спротивно мислење.

-Асоцијацијата ги измери овие ставови неколку пати на различни начини од почетокот на векот. И покрај малите разлики, треба да се набљудува општиот тренд: нема значителна промена во ставот на луѓето кон оваа тема. Луѓето се чини дека повеќе веруваат во правичноста на изборите, отколку во демократското управување и почитување на нивната волја, како целина, се оценува во истражувањето.

На ниво на регионални и големи нации, повторно луѓето во Индија (80%) се едни од најзадоволните од изборите во нивната земја во однос на слободата и правичноста, по што следат граѓаните во Западна Европа (77%).  Најмалку задоволни од изборниот процес се луѓето на Блискиот исток (35%), Русија (36%) и Африка (40%).

Луѓето во Финска скоро едногласно се согласуваат дека изборите во нивната земја се генерално слободни и фер – така тврдат 94% од испитаниците. Позитивните одговори се широко распространети во Австрија (84%), Германија (82%) и Гана (82%). Најмалку задоволни од изборната правичност и слобода во нивната земја се луѓето во Нигерија (15%), Ирак (14%) и Босна и Херцеговина (9%).

На прашањето „дали изборите во нашата земја се слободни и фер”, 49 проценти од анкетираните граѓани во РС Македонија се согласуваат со ова тврдење, а 45 проценти не се согласуваат, 7 проценти немаат мислење.

Индексот Гласот на народот (Voice of the people) (1 и 2), изработен од Галуп Интернејшенел, ги комбинира ставовите на луѓето кон двете изјави „Со мојата земја владее волјата на народот“ и „Општо, изборите во мојата земја се слободни и фер“ и на тој начин ја одразува перцепцијата на луѓето за основните демократски вредности.

-Според индексот VOP (1), 37% од анкетираните испитаници се согласуваат дека нивната земја е управувана од волјата на народот и изборите се слободни и фер – гласот на народот таму се смета за силен. Третина од испитаниците ширум светот изјавуваат дека нивната земја не е управувана од волјата на народот, ниту се изборите слободни и фер – што може да се опише како слаб демократски глас. Дваесет и три проценти сметаат дека има недоследност во спроведувањето на двата основни механизам на демократија во нивната земја – мешана демократија, наведуваат од Галуп Интернејшнл.

Според Канчо Стојчев, претседател на Gallup International Association иако демократијата е збир на јавни правила кои се објективно мерливи, субјективната перцепција на луѓето што ја рефлектира индексот на VOP е од клучна важност. -Демократијата е силна само ако народот ја препознае нејзината сила, вели Стојчев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.