За време на глобалната финансиска криза, страдањето се зголеми на глобално ниво. Според анкетата неодамна објавена од страна на Галуп, 14% од страдањето на населението во светот е во 2012 година, во споредба со 11% во просек пред рецесијата да започне.
Што се однесува до Македонија, таа се наоѓа на 7 место во светот по страдање, односно 31% од македонските граѓани страдаат. На листата после Македонија е Иран, како земја со најмалку страдање, а пред Македонија се Мадагаскар, Унгарија, Хаити, Камбоџа, Ерменија и Бугарија.
Податоците и образложението за Македонија се следниве:
Страдање: 31 %
БДП по глава на жител: $ 10,465
Процент на оние кои ја гледаат Владаа како корумпирана: 51 %
31 % од анкетираните Македонци се изјасниле дека се незадоволни со своите животи во 2012 година , за разлика од 25 % во 2011 година.
Од основањето во 1991 година, Република Македонија се бореше со конфликти помеѓу православните христијанини како мнозинство и муслиманското албанско малцинство кое сочинува околу една четвртина од населението.
Економијата на земјата е во тешка состојба .
Од 2011 година, повеќе од 30 % од населението во земјата живееат во сиромаштија , една од највисоките стапки на сиромаштија во светот.
Македонија има највисока стапка на невработеност од било која земја која рапортира на ММФ- со 31,3 % во 2012 година.
Земјата има проблеми со корупцијата.
Според неодамнешната анкета на Транспаренси интернешнл, 77% од македонското население верува дека јавните и државните службеници се корумпирани , а 87 % сметаат дека полицијата се корумпирани- и двете, меѓу највисоките проценти во светот кога станува збор за корумпираност, соопштува Галуп.




