Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гарчевиќ: Бугарија своите внатрешнополитички прашања ги претвора во проблем на Брисел

0
By Нова ТВ on December 13, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

– Одредени членки на ЕУ, како Бугарија, иако имаат проблем со сопствениот имиџ, ја користат сегашната ситуација во Унијата своите билатерални или подобро речено внатрешнополитички прашања, да ги претвораат во проблем со кој треба да се занимава Брисел, оценува професорот по меѓународни односи на Универзитетот во Бостон и поранешен црногорски амбасадор во НАТО и ОБСЕ, Веско Гарчевиќ.

– Во актуелната ситуација во Унијата, блокадата на која одеднаш инсистира Софија им одговара на оние кои не сакаат проширување во догледна иднина, да не кажеме никогаш. Така, прашањата на периферијата на Унијата, како што се идентитетски односи меѓу Бугарија и Северна Македонија стануваат добра причина за да се забави процесот на приближување кон ЕУ, иако земјата-кандидат, во случајов Северна Македонија, ги исполни сите обврски во овој момент. Слично искуство има и Косово со визната либерализација, наведува Гарчевиќ во анализа за Дојче Веле.

Според него, одлуката на ЕУ да не ги започне преговорите со Северна Македонија и Албанија е потврда дека регионот е заборавен во мноштвото други теми со кои е прекупирана ЕУ, а последиците од ваквиот пристап се многу сериозни, не само за регионот, туку и за самата Унија.

– Кога партнерот се чувствува запоставен, тој се врти кон некој друг, зарем не? Засилувањето на национализмот и шовинизмот, идејата за прекројување на границите и падот на популарноста на ЕУ се одвива паралелно со засиленото присуство на Русија и Кина. Москва, и се повеќе Пекинг, се покажуваат како посакувани алтернативи за незаинтересираната и ситничава ЕУ, смета Гарчевиќ. Тој смета дека повикот на германскиот државен министер Михаел Рот за старт на преговорите со Скопје и Тирана, сепак се „зрак надеж во овие сиви денови на Западниот Балкан“. Според него, се чини, дека Германије е единствена од големите држави во ЕУ, која се обидува да го одржи во живот проширувањето, што не е доволно да се смири разочарувањето кое се шири низ регионот на Западниот Балкан.

– Дали некој денес воопшто го споменува документот кој го презентираше Европската комисија на почетокот на 2018 и кој требаше да ја освежи ЕУ перспективата на регионот и да поттикне натамошни реформи? Проблемот никогаш не бил во содржината на овој документ, туку во недостатокот на поддршка на земјите-членки. Тој тренд е потврден и со француската стратегија за Западниот Балкан, во која ЕУ членството беше заменето со магловитиот израз „европска перспектива“, оценува Гарчевиќ.

Професорот смета дека Брисел иако не сака да се откаже од планот за проширување, всушност се чини дека нема идеја што да прави со регионот во овој момент, додека има други поважни проблеми, како актуелниот спор околу буџетот предизвикан со ветото на Полска и Унгарија и застојот на преговорите околу Брегзит.

– Победата на Џо Бајден на претседателските избори во САД може да донесе нова енергија во односите меѓу европските сојузници и САД. Бајден, подобро од кој било американски претседател во последните 30 години, ја познава Европа. Неговите советници, а и самиот Бајден додека беше потпретседател на САД, одиграа клучна улога во моментите кога Вашингтон одлучуваше дали ќе и’ испрати покана на Црна Гора за членство во Алијансата. Доколку се суди според неодамнешното сослушување за Балканот во американскиот Конгрес, каде говореа Медлин Олбрајт, Даниел Сервер и Јануш Бугајски, можно е да се очекуваат подобри денови кога станува збор за соработката меѓу Вашингтон и Брисел, наведува Грачевиќ во анализата.

Сепак, според него, за САД прашањето за Балканот е пред се прашање на безбедноста и односите со европските сојузници од НАТО.

– Треба да се биде реален. САД не можат да ја заменат ЕУ на Западниот Балкан. Сепак, Вашингтон би можел да биде корективен фактор на политиката на Брисел, што би можело да биде добро за Северна Македонија, Црна Гора и особено за Босна и Херцеговина, наведува професорот Гарчевиќ во анализата за Дојче Веле.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.